Работа има, но нема кој да работи

Работа има, но нема кој да работи. Струките кои се бараат на пазарот воопшто не соодветствуваат  со она што се нуди.   

Како еден од проблемите за оваа состојба е тоа што државава лошо менаџира со образовниот систем, смета универзитетскиот професор Гадаф Реџепи.

„Бројот на студенти во 2005 година изнесувал 48 000, а денес е 56 000 односно, што значи дека за 8000 студенти сме отвориле 95 нови факултети. Буџетот во образованието за десет години се зголемил за 120 проценти и овде станува збор за лошо менаџирање во овој дел, рече Реџепи, порачувајќи дека новиот закон за работни односи треба да одговори на новите економси околности, вели Гадаф Реџепи, универзитетски професор. .

Вицепремиерот Анѓушев се согласува со експертската јавност. Иако невработеноста паднала под 20% - смета дека треба да се стави поголем акцент на стручното образование. Уверува дека Владата прави напори да го реши проблемот.

-Да престанеме да се залажуваме дека 95 проценти е здраво за едно опшеттсво а не е и за нив самите дека треба да одат на универзитет, не е сета среќа во тоа, подобро е да имате знаење и струка и со неа добро да живеете и заработувате од вашата 18 или 19 година отколку да завршите универзитет кој нема да биде почитуван и од кој на крај ќе добиете диплома со која не ќе знаете што да правите ако е несодветна на реалната состојба во државата, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања..

Бизнисмените се децидни дека за успешна економија и поголема конкуренција на фирмите најважна е работната сила.

Анкетата на УСАИД покажала дека од 518 компании - дури половината имаат негативен став за законот за работни односи и тоа најмногу малите фирми. Според нив- иницирање на нов закон, може да биде лек и да го спречи одливот на мозоци.

Грција воведува шестдневна работна недела

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела.

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува inNewspaper.

Според законот, работниот ден дополнително работно време не може да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја следат работодавачите на фирми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле пет дена во неделата. Има и други исклучоци.

Во однос на ограничувањата, вработен во шестиот работен ден не смее да работи повеќе од 8 часа и не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.

Американците се згрозени од снимката на наставник како претепува ученик,додека другите гледаат

Наставник (27) претепал ученик кој наводно го навредувал на расистичка основа, а инцидентот се случил пред очите на другите ученици во училиштето Валеи во Лас Вегас.

Во вознемирувачкото видео е снимено како наставникот му удира шлаканици на ученикот, па го фрла на земја и го клоца пред насобраните средношколци.

Според првичните информации, ученикот го нарекол наставникот „црнец“, што резултирало тој да се налути и да се соочи со младиот човек.

Откако видеата беа објавени во јавноста, полицијата ги уапси наставникот и ученикот, а локалните власти известија дека на 27-годишниот маж отсега ќе му биде забрането да предава во областа.

По нападот ученикот бил примен во болница каде се уште е таму поради повредите со кои се здобил во нападот.

Наставникот, меѓу другото, е обвинет и за нанесување тешка повреда и бил пуштен со кауција од 9.000 долари, а судењето е закажано за подоцна.

Во музејот на Битлси во Ливерпул е изложен познатиот јапонски сервис за чај на Џорџ Харисон

Јапонскиот сервис за чај, купен од англискиот гитарист, пејач и поранешен член на Битлси Џорџ Харисон во 1966 година за време на турнејата на Битлси низ Јапонија, е изложена во музејот на Битлси во Ливерпул.

Сервисот, еден од трите купени од Харисон во Јапонија, му го подарил менаџерот на турнејата Нил Аспинал на неговиот син Роаг Бест, кој сега го води музејот на Битлси.

Како што изјави, на тридневната турнеја, Битлси свиреле за повеќе од 10.000 луѓе по концерт.

„Битлеманијата навистина ја погоди Јапонија. Тие не можеа да ја напуштат хотелската соба“, рече Бест, кој е син на Аспинал и Мона Бест и полубрат на Пит Бест, оригиналниот тапанар на Битлси.

Тој изјавил дека неговиот татко, маскиран, го придружувал Џон Ленон, додека еднаш излегувале од хотел во Токио, еднаш излегол и Пол Макартни со маска, но Ринго Стар и Харисон останале заклучени во собите.

„Тие сакаа да купуваат работи на турнеја, но бидејќи не можеа да излезат, луѓето ги носеа своите производи во нивните соби. Џорџ купи три многу украсени јапонски чајни комплети кои потоа ги испрати назад во Англија. Чуваше еден, татко ми дозволи тој да избира од преостанатите два, а третиот и го дал на мајка си“, рекол Бест, пренесува Би-Би-Си.

Сервисот е префрлен во Ливерпул, во куќата на Мона Бест, сопственик на клубот „Касба“.

Бест изјавил дека на сетот недостасуваат три чаши кои ги скршил кога имал 15 години.

Тој додаде дека се надева дека сервисот за чај ќе биде од особен интерес за фановите на Битлси од Јапонија кои го посетуваат музејот во Ливерпул.

„Фан клубот на Битлси е еден од најголемите по членство и има околу 40.000 фанови. Мислам дека ова ќе им се допадне“, рече Бест.

притисни ентер