Мобилниот му го спасил животот – пријател го гаѓал кон главата со лак и стрела

Австралиец имал неверојатна среќа и не настрадал од стрелата со која се обидел да го убие неговиот пријател во кавга.

Полицијата објави дека во градот Нимбин , на 750 километри северно од Сиднеј се случил инцидент по тешка кавга. Австралијанците биле учесници на фестивалот ,,МардиГра марихуана”.

Мажот на возраст од 43 години пред неговиот дом бил гаѓан со лак и стрела. Напаѓачот на 39 годишна возраст го напнал лакот во моментот , кога 43 годишникот сакал да снима со мобилен.

Стрелата го пробила мобилниот и го погодила човекот во брадата , но му нанела лесна повреда. Доколку не го погодела мобилниот , стрелата ќе се забила во неговата глава.

Напаѓачот бил уапсен , а потоа пуштен со кауција пред судењето закажано за во април.

Актерката се породила на 42 години па набргу по породувањето ги покажала стомачните мускули (фото)

Актерката Дајан Кругер (42) ни самата не можела да поверува колку брзо телото и се вратило во првобитната состојба после породувањето.

Дајан за прв пат станала мајка пред четири месеци, а пред некој ден објавила фотографија од стомачните мускули на својот профил на Иснтаграм.

„Дали се правам важна? Да! Затоа што е ова е сериозна работа. Мислев дека ова е невозможно откако се породив, посебно во мои години“ – напишала таа.

„Немам личен тренер, но многу сум посветена на тоа да го вратам своето тело. Првенствено поради себе, а потоа и поради мојот маж. Женското тело навистина е неверојатно“ – заклучила Дајан.

Кон крајот на минатата година со партнерот Норман Ридс добија ќерка.

Парот се запозна на снимањето на филмот „Скај“, а врската ја обелоденија во март 2015 година.

Родила шест деца за само девет минути

Телма Чијака од Тексас пред два дена родила шесторка, два пара близнаци и еден пар близначки, во период меѓу 4.50 и 4.59 часот во болницата во Тексас.

Сите се во стабилна состојба, но во моментот се наоѓаат во неонаталната единица за интензивна нега, со оглед на тоа дека се родени со мала телесна тежина.

Машките бебиња се уште не добиле имиња, а девојчињата ќе се викаат Зина и Зуриел.

Фотографијата на среќната мајка ја објавија членовите на неонаталниот тим на Фејсбук. Во описот на фотографијата напишале дека шансата за шесторка е проценета на 1 спрема 4.7 милијарди.

Романскиот бизнисмен изградил автопат од еден метар - само за да ги посрамоти властите (видео)

Романски бизнисмен изградил автопат во должина од еден метар во североисточна Романија во знак на протест поради лошата патна инфраструктура во земјата.

Романија има една од најкратките мрежи на автопатишта во ЕУ од само 806 километри за целата земја, иако има територија скоро еднаква на Велика Британија која има околу 4.000 километри, наведува „БиБиСи“.

Британија при тоа не е ни меѓу земјите на ЕУ со најголема патна мрежа, најмногу има Шпанија со 16.000 километри, а следува Германија со 14.000 километри, според податоците на „Евростат“.

Мандачи за „БиБиСи“ изјавил дека целта му е да го обедини народот во напорите да имаат автопатишта. Автопатот на парцела во негова сопственост во близина на фреквентниот главен пат симболично е изграден во Сучава, област без автопатишта. Тој изјавил дека тој регион е единствен во Романија каде воопшто нема автопатишта.

„Немаме ни еден метар автопат па се одлучив да изградам метар и да покажам оти тоа е можно“ – изјавил Мандачи за „БиБиСи“.

Сообраќајот на најблискиот пат е во застој затоа што неколку приврзаници се пријавија да присуствуваат на таканареченото отворање на автопатот.

Беа присутни и неколку медиуми, како и возило за итна помош и противпожарно возило, додека мал авион прелетувал со натпис со кој се бараат автопатишта.

„Мислам дека сме обединети. Никогаш не сум доживеал момент на ваква солидарност меѓу Романците“ – извикал Мандачи над буката автомобилски сирени.

Насобраните гласно навиваа додека тој ја пресекувал лентата за да го отвори тоа што го нарекле „споменик автопат“.

 

притисни ентер