Во рестораните во Турција веќе нема да има соларници на масите

На масите во турските ресторани веќе нема да има соларници, јави Анадолија, повикувајќи се на претседателот на Федерацијата на сопственици на ресторани и слаткарници во Турција, Ајкут Јениџе.

Мерката е одобрена откако федерацијата потпишала протокол со Министерството за здравство за намалување на користењето сол и шеќер.

Јениџе изјави дека по потпишувањето на протоколот, почната е обука на мајстори готвачи за да биде намалено користењето сол и шеќер во јадењата.

СЗО има норма од една лажичка сол дневно во храната, а тоа ниво во Турција според Јениџе, е над 2 лажички.

Како се крши скап Мерцедес на излез од автоперална? (ВИДЕО)

Секој не може да вози голем и скап автомобил , а тоа го докажа една жена зад воланот на скап Мерцедес.

На социјалните мрежи се појави снимка , која е тешко да се гледа. Една Американка при излегувањето од автопералната требало да сверти налево кон излезот.

Таа не само што не ја забележала големата стрелка , што ја упатувала каде да сврти , туку не го виде ниту бетонскиот ѕид пред неа. Кога излезе од автомобилот и виде што направила, се фати за глава.

Водителот на Евросонг во страстна прегратка со својот сопруг (ФОТО)

Зад сцената на Евросонг во Тел Авив водителот Аси Азар беше снимен како се бакнува со својот партнер Алберт Ескола.

Двајцата се во брак од 2016. и не ја кријат својата љубов,па Алберт на Инстаграм ја објави фотографијата од страстниот бакнеж зад сцената.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Always here, to support you! 😘 You nailed babe 👌🏻 pic by @shovalxxx

A post shared by Albert Escola Benet 😘 (@albertescola) on

,,Секогаш сум тука за да те поддржа. Растури , миличок.”,  напиша Алберт.

Аси , инаку е еден од јавните личности во Израел кој отворено призна дека е хомосексуалец , а неодамна објави и дека својот хонорар од водењето на Евросонг ќе го донира во организацијата Israeli Gay Youth.

Необична сина светлина ги преплаши жителите на град во Австралија (ВИДЕО)

Над австралискиот град Алис Спрингс ноќеска е забележана необична светлост , која ги преплаши жителите.

Полицијата во Алис Спрингс примила повици за помош за појава на невообичаена сина светлина и силен звук. Откако ги прегледале камерите, сфатиле дека станува збор за метеор.

Истата глетка била снимена и на 500 километри подалеку, во местото Тенант Крик.

,, Во Алис Спрингс градот беше осветлен среде ноќ како да еден.” велат граѓаните и досаваат дека целиот феномен траел околу пет секунди , а се слушал и звук како при земјотрес.

притисни ентер