Се урна мост во Индија – петмина загинати, десетици повредени

Пет лица загинаа , а 36 се повредени кога се урна дел од пешачки мост за време на вечерниот метеж во индискиот град Мумбаи.

Три од загинатите се жени , соопшти полицијата , додека повредените се пренесени во болница. Мостот води кон најголемата железничка станица во Мумбаи , преку кој дневно минуваат десетици илјади луѓе.

Не се познати причините за падот на пешачкиот мост , а во тек е акцијата на пребарување на урнатините.

Црногорската полиција заплени 233 килограми марихуана

Црногорската полиција на граничниот премин Ранче со Србија уапсила дваесет и деветгодишен маж од Беране со иницијали Д.Д. поради обид за криумчарење на 233 килограми марихуана.

Дрогата била откриена при контрола на возилото „мерцедес спринтер“ со никшички регистерски таблички, со кои управувал Д.Д. наведува во заедничкото соопштение црногорската царина и полиција.

Марихуаната била сокриена во специјално изработен бункер во возилото.

Од Словенија протерани тројца мажи поради врски со радикалниот исламизам

Тројца мажи по потекло од Босна и Херцеговина, биле протерани од Словенија, поради врски со радикалниот исламизам.

Тие се вратиле во матичната земја, а полицијата од БиХ размислува какви мерки ќе презеде кон нив, пренесе „Хина“.

Се работи за тројца браќа кои живееле и работеле како возачи во Словенија, а биле протерани со објаснување дека претставуваат закана за безбедноста на државата.

Почна акцијата „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка

Неколку стотици граѓани од различни возрасни групи учествуваа на денешната голема акција за собирање смет „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка.

Неколку стотици граѓани од различни возрасни групи, од ученици и спортисти, преку извидници и волонтери на Црвениот крст, наставници и професори, административни работници до планинари и пензионери учествуваа на денешната голема акција за собирање смет „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка.

Акцијата ја организира локалната самоуправа во соработка со граѓански организации и јавното претпријатие „Комуналец".

Градоначалникот Борјанчо Мицевски изрази задоволство од одѕивот на граѓаните и најави дека акцијата ќе се реализира слендите два месеца.

Се чистеше спортскиот терен, јавните површини, дворовите на колективни станбени згради и уредениот и неуреден дел од Домачки дол. Граѓаните ги чистеа и своите дворови и подруми, депонирајќи го непотребниот шут и опасниот електронски и електричен отпад. /МИА

притисни ентер