Се појавија непријатни фотографии од бегството на ќерката на Мајкл Џексон

Ќерката на поп пејачот Мајкл Џексон , Парис и нејзиното момче Габриел Глен се фатени во жестока и агресивна расправија во Њу Орлеанс.

Според британските медиуми , парис била видно пијана , што подоцна таа демантирала.Кавгата почнала во кафулето , за да продолжи на улица. Парис (20) избегала во Њу Орлеанс по прикажувањето на документарниот филм за педофилијата на нејзиниот татко , Мајкл Џексон .

Таа до пред две недели била  во клиника за одвикнување од зависност од алкохол и лекување на ментални проблеми. Откако се појавија фотографиите од кавгата, Париз на Твитер објасни дека само глумеле тажен филмски прекин на врската.

Сведоците на кавгата , пак , тврдат дека Парис во еден момент се расплакала и му викала на момчето да ја пушти и да не ја допира.

Таа по прикажувањето на документарниот филм ,,Напуштајќи ја Недојдија” , на неколку пати се обидуваше да го одбрани својот татко , додека целиот свет изрази згрозеност, па дури и забрана за емитување на неговата музика.

Започна изградбата на репродуктивниот центар за елени на Галичица

Во Националниот Парк Галичица почна изградбата на репродуктивниот центар за елени.

 Центарот со големина од стоттина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.

Проектот, вреден 340.000 евра, е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја", вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Националниот парк Галичица, во рамки на проектот спроведува и активности за подобрување на управувањето со планинските тревести екосистеми со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија.

Видео: Роналдо како манекен за долна облека

Еден од најдобрите светски фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо  одлучи малку да заборави на фудбалот и да се проба во улогата на манекен.

34-годишниот Кристијано без многу размислување решил самиот да изрекламира  својата нова линија на долна облека. Наместо да ангажира и плати манекен асот на Јувентус се соблекол и ја промовирал долната облека со негов потпис.

На радост на неговите фанови од поубавиот пол Роналдо на фотографии и видеата објавени на социјалните мрежи го покажува своето мускулесто тело со многу малку облека на себе.

-Летото е  мојот омилен дел од годината. Заоѓањето на сонцето е мојот најомилен момент. Тоа чувство сакав да го забележам и во новата кампања, користејќи интензивни бои кои ја красат мојата нова колекција. Сакав кампањата да одава чувство на опуштеност, изјавил Кристијано Роналдо при лансирањето на својата нова колекција на долан облека.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

HighSummer photoshoot collection in the making 🔥 🔥 🔥 #CR7 #CR7Underwear #HighSummer

A post shared by CR7 (@cr7cristianoronaldo) on

Иако неговите манекенски ангажмани понекогаш предизвикуваат подсмев во фудбалскиот свет, Кристоијано долги години одлично заработува токму од овие работи. Мегапопуларниот фудбалер денеска „тежи“ околу 450 милиони долари, само во минатата година Кристијано заработил 108 милиони долари , од кои дури 47 се од спонзорските договори.

Мараја Кери откри колку партнери имала!?

Светската дива Мараја Кери одговарала  на интимни прашања и открила со колку партнери била?!

Мегапопуларната пејачка Мараја Кери била во брак со актерот и водител Ник Кенон со кога има две деца. Веќе некое време е во врска со танчарот Брајан Танак, пред него била свршена со милијардерот Џејмс Пакер, тоа се три мажи. Првиот сопруг е четвртиот маж во нејзиниот живот.

Сега Мараја во интервју за „Космополитен“ открила дека била „само со пет мажи“.

-Не сум имала многу партнери, но сите беа различни. Во животот бев со пет партнери. Некој би рекол дека сум многу слаба на ова поле во односно на некои други, изјавила Мараја Кери.

Прашање е само дали нејзините фанови и јавноста веруваат во овие зборови на Мараја?!

притисни ентер