Шкода камик стигнува на пазарот на кој владеат „рено каптур“, „Пежо 2008, „мини катримен“ моделите на Шкода „ VW T-rok", „сеат атона“ и „Ауди Q2".
Што значи дека новиот СУВ на шкода го чека силна конкуренција.
Токму поради тоа камик ќе има некој карактеристики подобри од конкуренцијата. Пред се големата внатрешност и неговата практичност , како што тврди производителот.
Најмалиот кросовер на Шкода е долг 4241 милиметар, широк 1793 мм, а висок е 1531 мм.
„Камик“ ќе ги комбинира СУВ особините, како повеќе позиции за седење, подобар преглед на околината, полесно влегување и излегување од автомобилот .
Во овој СУМ комотно ќе може да се сметат пет возрасни луѓе заедно со багажот за кој е оставен простор од 400 литри.
На купувачите на располагање ќе им биде дигитална инструмент табла како кај „Скала“ , 10 инчен екран на забавниот систем, како и минималистичко и ефектно решение на автоматската клима.
Камик ќе има и амбиентално осветлување , но само во три бои, бакар, црвено и бело.
Што се однесува на моторите , бензинци 1.0 , со 95 КС и 115 КС и 1,5 со 150 КС, како и 1,6 литарски турбо дизел кој развива 115 КС.
На љубителите на екологијата и економичното возење наменет им е моделот Г-ТЕК со погон на природен гас, кој развива 90 коњски сили.