Костов: Не се констатирани повреди кај Јанакиески

Директорот на ГОБ „8-ми Септември" Христијан Костов вечерва потврди дека по сите медицински иследувања што биле направени било констатирано дека поранешниот министер Миле Јанакиески не е повреден во инцидентот во затворот „Скопје" во Шутка.

,,Денеска во попладневните часови после 16 часот е донесено лице од затворот „Скопје" за медицински преглед. После приемот во Ургентниот центар дежурна екипа од специјалисти изврши преглед при што се направени најразновидни инстигации, од крвна слика, лабораторија, ехо на стомачна шуплина, компјутерска томографија на глава… Откако беа завршени сите прегледи беше донесен заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди. Значи не е индицирана потреба за хоспитализација на лицето, рече Костов.

Тој додаде дека заради анамнестичкиот податок дека лицето била удирано по телото препорачан бил 24-часовен надзор од медицинско лице кое што ќе се спроведува во установата од каде што е донесен.

Во врска со обидот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да го посети Јанакиески во болницата, директорот Костов истакна дека во оваа болница и претходно имале контакт со затворите и од Идризово и од Шутка и во такви случаеви сите донесени пациенти биле во придружба на полиција или на затворска полиција.

,,Значи, тоа се органзирани посети на болницат на затвореникот и во тој случај до затвореникот нема пристап. Од правна страна забранета е било каква посета или контакт со лицето кое што е со полициско обезбедување, рече тој.

Лицето, додаде, е донесено од затвор и тоа е обезбедувано со полиција. За секој друг контакт со лицето, рече Костов, одговорна е самата полиција, и таа одлучува дали ќе дозволи да дојде некој да го контактира пациентот.

Шкода го обнови Kodiaq и објави важна вест (ФОТО)

Љубителите на дизел автомобилите  изгубија уште една икона.

Пет години по неговото лансирање, најголемиот теренец на Шкода го доживува своето прво значајно дотерување. Освежувањето на дизајнот е придружено со технолошка поддршка, сето тоа во согласност со поновите модели на компанијата, а има и други важни новости.

Имено, горниот дел е сепак верзија на РС, но без моторот ТДИ. Моќниот дизел замина во пензија и ќе биде заменет со 2.0 TSI со 245 КС. Околу 6 секунди му требаат за спринт до 100 км на час и максимум 250 км на час.

Покрај браниците за шминка, натписот на марката на централниот дел од капакот на багажникот и некои други новини, обновениот Kodiaq ќе се препознае и по LED светлата Матрикс. Дигиталниот кокпит со дијагонала од 10,25 инчи е проследен со централна инфо-забава со дијагонала на екранот од 8, односно 9,2 инчи. Седиштата се вентилирани, со функција за греење и масажа.

Покрај гореспоменатата верзија RS, Škoda нуди верзии со бензински мотор од 1,5 TSI од 150 КС и 2,0 TSI со 190 КС. Во понуда остана и 2.0 TDI со 150 и 200 КС. AWD и седумстепен менувач DSG остануваат како опции.

Првите испораки се очекуваат во текот на летото со малку зголемени цени.

Вучиќ ја назначи Невена Јовановиќ за нов амбасадор на Србија во Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска издаде указ за назначување на Невена Јовановиќ на позицијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Србија во Македонија, објави белградскиот бизнис портал еКапија.

Јовановиќ на оваа позиција доаѓа од позицијата Заменик-помошник министер за билатерална соработка во Министерството за надворешни работи на Србија.

На досегашната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Србија во Скопје, Душанка Дивјак Томиќ, минатата година и заврши мандатот во нашата држава.

Чешка ги сака вакцините АстраЗенека, што Данска ги укина

По одлуката на Данска целосно да ја прекине употребата на вакцината АстраЗенека, Чешка изрази желба да го преземе вишокот вакцини.

„Подготвени сме да ја купиме вакцината АстраЗенека од Данска“, твитна министерот за внатрешни работи на Чешка, Јан Хамачек.

Вакцината „АстраЗенека“ беше на удар последните неколку недели, бидејќи расте загриженоста дека нејзината употреба може да предизвика смртоносни тромбови. Неколку земји ја ограничија употребата на вакцината, но Данска направи чекор понапред и засега целосно ја прекина нејзината употреба.

Но, понудата на Чешка покажува дека некои земји сепак сакаат да го вакцинираат населението со оваа вакцина. Засега не е јасно дали ваквата продажба меѓу двете земји е дозволена според правилата на ЕУ. Данска не ја исклучила можноста за повторна употреба на оваа вакцина.

Чешката влада е критикувана за бавниот договор за вакцинација. Досега се целосно вакцинирани 768.250 од 10,7 милиони Чеси.

притисни ентер