3Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата
МакедонијаНиколовски: Транспарентно ќе ги дефинираме барањата на сточаритеПовисоки цени на млекото, дополнителна поддршка за малите одгледувачи на крупен добиток и повеќе земјоделско земјиште за пасишта и за сточна храна, се дел од барањата што ги изнесоа одгледувачите на говеда на средбата со министерот Љупчо Николовски.Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Евтим Шаклев, најтешка е состојбата со цената на млекото која се движи од 16 до 22 денара, а може да ја постигнат само големите фармери. -Од 14.000 производители, 11.000 се со по 10 крави, па не може да се натпреваруваат со големите фармери. Затоа добро е и тие дополнително да се стимулираат за да бидат конкурентни на пазарот со млекото. Освен тоа, на одгледувачите им треба и урбанизација на шталите кои ги поседуваат, зашто голем дел од фармите се блиску до урбаните населби. Битно и е и да се ревидираат цените на лековите за добитокот за да не мора да ги бараме од соседните земји, рече Шаклев. Одгледувачот на крави од Пелагониско, Стево Пиовковски, смета дека треба да се стави во функција правилникот за цените со млекото. – Проблемите во сточарството отсекогаш ги имало, но добри се ваквите средби. Еве денеска треба да се стави во функција правилникот за откуп на млеко каде минималната цена за откуп би била 18, а највисоката до 25 денари. Но, во Пелагонија најголем проблем е земјиштето, зашто е потребно повеќе земјоделска површина за големи фарми. Прв пат денеска го поставувам проблемот што користиме индустриска, а не струја за домаќинствата зашто ни прави големи трошоци, рече Пивковски. Според министерот за земјоделство Љупчо Николовски, транспарентно ќе се дефинираат барањата на одгледувачите на говеда, а според усвоените програми има и неколку новитети во овој сектор, особено зголемувањето на субвенциите. -И оваа година останува зголемувањето на субвенцијата за одгледување говеда. Правиме промена во во развојната категорија. Субвенцијата е за одгледувачите кои имаат од 10 до 50 говеда, а досега беше од пет до 10 за да се опфатат поголем број одгледувачи, односно околу 3 500. Оваа развојна категорија опфаќа и околу 42 процента од вкупниот број говеда. Годинава за неколку пати се зголемува мерката за набавка на приплоден добиток, така што од ланските определени 14 милиони денари, годинава со програмата за рурален развој се зголемува на преку 90 милиони денари. Значи годинава за оваа мерка се на располагање 1,5 милиони евра, истакна министерот. Дополни дека вчера се пуштени во процедура измените на Законот за пасишта со кој има нови критериуми за доделувањето на пасиштата. -Правиме разграничување на јавниот повик до 50 и над 50 хектари, неодамна го промовиравме проектот за орто-фото снимањето на државата, па имаме точна евиденција на земјоделското земјиште. Освен тоа завршена е и дигитализацијата на 530.000 хектари пасишта. Во моментов ги дефинираме површините земјоделско земјиште кои повторно треба да бидат дадени на оглас, а од лани имаат право да кон курираат сточарите за производството на добиточна храна, нагласи Ноколовски. Според министерот за земјоделство, отворена е дискусијата за можни дополнителни мерки. – Ќе дискутираме за цената на млекото, за пазарните можности. На располагање сме да ги слушнеме сите барања на производителите, да носиме дополнителни мерки во текот на годината и да ги коригираме постојните политики и да влијаеме на севкупниот раст, изјави Николовски на средбата на која присуствуваа преку 30 сточари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
СветИран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец? Централната команда на САД (CENTCOM) ги отфрли трите тврдења на Иран, наведувајќи на платформата X дека Соединетите Држави и регионалните партнери сè уште го контролираат Ормускиот теснец.Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот брод бил погоден од ракета истрелана од Иран и потонал „додека бил влечен кон брегот“. ЦЕНТКОМ исто така ги отфрли тврдењата дека Иранската револуционерна гарда „убила стотици американски војници во Јордан“. „Тројца американски војници загинаа во борба во јули, додека партнерските сили ги бранеа своите позиции од ирански напади“, соопшти Централната команда на САД.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Бутел: Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје СеверОпштина Бутел продолжува со интензивна реализација на инфраструктурните проекти во населбата Скопје Север.Започна целосната реконструкција на големиот и малиот паркинг на улицата „Костурска“. Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се обезбедат подобри услови за паркирање, уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за жителите на Скопје Север. Градоначалникот Дарко Костовски и Општина Бутел продолжуваат со реализација на ветените проекти, со посебен акцент на подобрување на инфраструктурата и рамномерен развој на сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МакедонијаБожиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државатаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) коишто се во посета на земјава.Во рамките на делегацијата од ЕБОР, составена од директори надлежни за различни региони, беа присутни Рене ван Хел, директор за Холандија, Кина, Македонија, Ерменија и Монголија, потоа Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за земјава, како и директорите за другите земји од регионов и светот. На средбата министерката Божиновска ги претстави активностите на Министерството за зајакнување на домашниот енергетски систем, енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата. Во таа насока, беа презентирани конкретните законски решенија на кои во моментов работи Министерството, а кои се насочени кон остварување на стратешките цели на државата во енергетскиот сектор. Претставниците на Европската банка за обнова и развој ги поздравија заложбите на Министерството за создавање на стабилен и предвидлив енергетски систем, оценувајќи ги како многу понапредни во однос на одредени земји од регионот, на коишто им е потребен подолг период за реализација на конкретни чекори во енергетиката. Во фокусот на разговорите на денешната средба беше искористувањето на потенцијалот на обновливите извори на енергија во земјава, како и можностите за складирање на енергијата од обновливите извори. Министерката Божиновска истакна дека постои огромен интерес кај граѓаните и компаниите за користење на енергијата од обновливите извори и дека Министерството ќе работи на овој план во иднина. Посебен дел од разговорите се посвети и регионалното поврзување на земјава со соседите, за што министерката информираше за напредокот во однос на енергетското поврзување со Грција и Србија, потенцирајќи дека се работи и на нови мрежни поврзувања со земјите од регионот. На средбата беше нагласено значењето и на сајбер безбедноста, како предуслов за безбеден енергетски систем, за што беше истакната можноста за взаемна соработка на ова поле. Министерката Божиновска, на состанокот, ја потврди силна посветеност кон партнерството со ЕБОР, како еден од клучните партнери на нашата држава во напорите за создавање стабилна енергетска иднина за државата. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на партнерски пристап и целосна имплементација на реформските чекори за зголемување на енергетската сигурност што ќе придонесат за побрз развој на државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter