Фото: Сервис во езеро!!

Тениските легенди Бјорн Борг и Роџер Федерер на интересен начин го најавија годишениот Левер куп, кој во септември се одржува во Швајцарија.

На езерото Рона во Женева Федерер и Борг одржаа прес конференција.

Освојувачот на 20 Грен слем титули Федерер дури од чамец упати неколку сервиси во езерото.

Алфа Ромео подготвува големо изненадување во Женева

Алфа Ромео најави дека на саемот во Женева ќе се претстави со најнов СУВ модел.

Се најавува дека новото спортско урбано визило ќе биде позиционирано под моделот Стелвио. Доколку се оствари најавата , во Женева ќе биде претставен спортски СУВ со исклучителен дизајн.

Ќе биде поставен на платформа Џорџо , а можен е заден и AWD погон. Новина е и тоа што станува збор за плаг-ин хибрид со најмалку 400 Кс.

Од сега може се види какво е времето на Марс

НАСА објави дека од сега ќе може редовно да се следат временските услови на Марс.

Со еден клик ќе може да се дознае колкава е температурата на Марс , дали има ветар и слични временски услови.

На сондата на НАСА се наоѓаат инструменти , што бележат температура , брзина на ветар и притисок на воздухот ,а вселенската агенција овие податоци да ги сподели со сите заинтересирани.

Така , на пример оваа недела времето било типично за зимски услови на местото каде што е позтавена сондата , наречено Elysium Planitia.

Највисоката температура изнесувала -17 , а најниската -95 степени Целзиусови . Дувал ветар со брзина од 16,9 м/секунда.

Цитроен го враќа легендарниот Ами (ВИДЕО)

Цитроен реши по четири децении да го врати легендарното име на неговите нови автомобили.

Под името Ами Цитроен на саемот во Женева ќе претстави прототип на нов електричен автомобил. Освен што автомобилот е целосно на електричен погон , ќе има систем за брзо полнење , а ќе може да се набави ,,на барање”.

Тоа е најголемата новина од Цитроен , кој нуди преку апликација да моѓже да се најми автомобилот на период од пет минути до пет години. Освен интересните идеи за концептот, се нудат и дизајнерски решенија во вид на ,,волшебна кутија”.

Во должина од сам0 2,5 метри има место за две седишта , багашник , место за оставање работи , а секако и за погонот и сето тоа распоредено на минималистички начин.

На овој начин и со новото возило , достапно за сите, Цитроен ќе го прослави 100. роденден.

притисни ентер