Ин мемориам- Почина писателот Методија Фотев

Утрово,  по кусо боледување, почина македонскиот романсиер и поет Методија Фотев (роден на 14 март 1932 година во Љубојно, Преспанско).

Фотев  бил член на Друштвото на писатели на Македонија од 1957 година. Неговото книжевно творештво го сочинуваат повеќе романи: „Потомците на Кат“ (1966), „Селани и војници“ (1969), „Големите скитачи“ (1970), „Неплодна вода“ (1978), „Вивариум“ (2010), како и поетската збирка „Поезија не за одмор“ (2002). Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“.

Погребот ќе се одржи утре, во присуство на најтесниот семеен круг.

  

притисни ентер