Бред Пит фотографиран на роденденската забава на Џенифер Анистон!!

Холувудскиот заводник Бред Пит „фатен“ на роденденската забава на екс сопругата Џенифер Анистон.

Викендов холивудската убавица Џенифер Анистон  со голема забава го прослави својот 5—ти роденден. Меѓу многуте гости од светскиот шоу бизнис беше забележан и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

Приватната забава  која се одржала во еден познат ресторан во Западен Холивуд привлекла многу светски ѕвезди кои биле будно следени од папараците. Многу од овие ѕвезди немале проблем да се фотографираат пред забавата, но една личност посебно го привлекла вниманието на фоторепортерите и папараците.

Меѓу многуте фоторепортери, папараци, гости , но и членови на обезбедувањето во ресторанот незабележливо се обидел да влезе и Бред Пит кој носел качкет, тој секако не успеал во својата намера, бил веднаш забележан од папараците.

Фотографиите на Бред во кратко  време се појавија во сите светски медиуми, кој започнаа да шпекулираат и дека екс сопружниците се повторно во врска.

Инаку, покрај Бред Пит на роденденската журка  присуствувале и Гвинет Палтроу, Кети Пери, Орландо Блум, Барбара Стрејсенд, Кејт Хадсон, Џорџ и Амал Клуни, Сандра Булок и многу други.

Фото: Кајли Џенер гола крај базенче

Најмладата милијардерка на светот според магазинот „Форбс“ Кајли Џенер откако беше прогласена за втората најдобро платена ѕвезда во 2018 година одлучи да се почести со одмор од сништата.

Кајли со ќерката Сторми и најдобрата пријателка Анастасија Караниколау летува во тропски рај.

Иако не открива каде точно летува Кајли своите фанови на социјалните мрежи редовно ги воодушевува со снимки од кристалното сино море, коктели, провокативни фотки...

Една фотографија објавена на Инстаграм предизвика лавина од реакции меѓу нејзините фанови. Веднаш по пристегнувањето во хотелот Кајли објавила фотка на која е целосно гола.

На провокативната фотографија Кајли носи само огромен шешир ској и го крие лицето, најинтимните места сама ги покрила со рацете. За само еден ден фотката добила повеќе од 10 милиони лајкови.

Прилеп подготвен за Пивофест

По низата контроверзии,откажување од официјални настапи на Тамара Тодевска и Нови Фосили како и подметната бомба кашикара пред една недела Прилеп подготвено го дочекува почетокот на годинашниов фестивал на пивото и скарата Пивофест.

Организаторите и локалните власти уверуваат дека се превземени сите безбедносни мерки од утре до недела фестивалот да мине во најдобар ред.

Очекувањата  се на манифестацијата да бидат поставени петнаесетина штандови за ладно пиво , вкусна скара и добра забава,бидејќи во следниве денови се очекуваат  рекорден број на посетители јавните претпријатија ќе имаат дополнителни ангажмани.

Надлежните тврдат дека за гостите од соседните градови и од странство обезбедени се над 2000 паркинг места.

За влез и паркирање ќе се плаќа по 60 денари,50 за паркинг простор и 10 за хуманитарни цели.

Видео: Маж и жена со сатар бркаа човек во трговскиот Лептокарија

Сцена како од филмовите можеше да се види денеска во трговскиот ценар Лептокарија во Скопје.

Маж и жена, најверојатно вработени во кинеска продавница за храна, со сатар бркале маж.

На видеото се гледа како граѓаните и гостите во околните кафулиња безуспешно сакаат да ги смират лутите маж и жена, но тие покрај тоа што замавнуваа со сатарот, по момчето фрлаат и со се што ќе им се најде на патот.

Причините за инцидентот засега се непознати, а видеото е објавено за социјалните мрежи..

притисни ентер