„Русија е како ранета мечка која напаѓа“

САД не треба да ја отфрлат можноста за руска воена интервенција во Венецуела, изјави адмиралот Крег Фолер во интервју за Гласот на Америка. 

Неодамна тој ја предводеше Заедничката команда на морнарицата на САД за регионот на Централна и Јужна Америка.

“Мислам дека сè може да се очекува од Русија, видовме што направиле во Сирија и мораме да бидеме подготвени .” – коментираше адмиралот.

Фаулер истакна дека САД сега се фокусираат на изнаоѓање политичко и дипломатско решение за венецуелската криза.

„Ние го презедовме она што се случува сега – за да го олесниме страдањето на луѓето”, рече офицерот, додавајќи дека американската војска не се меша во политиката.

„Што се однесува до долгорочното прашање на предавање, јас го оставам на политичарите и дипломатите, ќе бидеме подготвени да ги поддржиме кога ќе го побараме тоа”.

Според него, и трите латиноамерикански држави со недемократски режими – Венецуела, Куба и Никарагва – се предмет на интервенција од страна на Русија.

„Во нашата национална одбрана стратегија се посветува особено внимание на Русија и Кина … Иако ова се различни случаи. Кина е растечка економска сила која има законско право на свои бизнис интереси во светот … Истовремено, тие одбиваат да ги почитуваат правилата на играта. ” “вели адмиралот.

Тој ја спореди Русија со ранета мечка, која се бори со латиноамериканската демократија.

„Русија е всушност повредена, ослабена мечка што напаѓа”. – коментираше Крег Фолер.

Тој додаде дека Москва создаде структура во Никарагва, наречена центар за борба против криминалот и тероризмот, чија работа покренува чудни прашања.

Реакција од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје по повод провокацијата на БАН во врска со македонскиот јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје остро реагира и сериозно се спротивставува на ставот на Бугарската академија на науките во врска со постоењето на македонскиот јазик и на македонското писмо.

Постоењето на македонскиот јазик со свој посебен дијалектен систем и со своја историја е апсолвирано прашање во светски рамки уште одамна и секој став што го негира овој непобитен факт го сметаме за свесна провокација. Ваквите изјави одат во прилог на евтина дневно-политичка пропаганда и затоа е несфатливо што доаѓаат од една висока академска фела на држава членка на Европската Унија. Меѓу другото, на овој начин, тие ги негираат долгогодишните билатерални проекти меѓу македонските и бугарските лингвисти и други научници.

Земајќи предвид дека на конференциите на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“доаѓаат со македонистички теми ценети професори од целиот свет, а нашите научници се масовно прифатени од светската научна јавност со своите истражувањапосветени на македонскиот јазик, литература и култура – од историски и од современ аспект – не се чувствуваме загрозено ниту како Македонци ниту како македонисти!

Максим Ацевски избран за главен државен ревизор

Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. 

Одкуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за". По изборот главниот државен ревизор положи свечена заклетва пред Собранието.

Ацевски е дипломиран економист од Велес. Во Државниот завод за ревизија е од 2001 година до денес. Често пати во медиумските настапи зборувал за потребата од зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија, но и за односот на надлежните институции кон неправилностите што ги регистрираат ревизорите.

Кон крајот на 2017 година истече мандатот на Тања Таневска, а во изминативе неполни две години со ДЗР раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат во траење од 9 години, истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник. Поради ова фунционирањето на институцијата беше доведено во прашање.

Лилјана Кузмановска, рече дека пратениците ов ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат поддршка за неговиот избор, бидејќи тој доаѓа од редот на ревизорите. Изборот на главен државен ревизор е многу важен, бидејќи, како што потенцира, Државниот завод за ревизија е еден од клучните сегменти во контролата на трошење народни пари.

На 6-ти овој месец, едногласно беше донесена одлуката на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата Ацевски да му биде предложен на Собранието за избор за главен државен ревизор.

Комисијата заклучи дека е потребно да се комлетира оваа институција пред изборите, со цел да може да си ги врши своите законски и уставни надлежности.

Собранието на Република Северна Македонија денеска, исто така, го именуваше Крсте Шајновски за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

За предлогот не гласаше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека со неговите активности покажал дека е партиски кадар на СДСМ, а не професионалец. 

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со илјадници амандмани ги блокира демократските процеси во државата

 ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното работење и однесување во Собранието, кочејќи ги важните закони. 

Партијата работи на штета на граѓаните и на штета на демократските процеси во нашата држава, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.

– Во еден ден ВМРО-ДПМНЕ поднесува илјадници амандмани на повеќе законски предлози со единствена цел да ги блокира реформските процеси во Северна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ со 970 амандмани сака да го блокира Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители за да обезбеди заштита на криминалот што го правеа функционерите на оваа партија и да спречи какви било реформи во правосудството, изјави Костадинов.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ поднела над четири илјади амандмани за Предлог-законот за јавнообвинителска служба, со што, како што рече, ги загрозува доказните материјали во процесите што се водат против нејзини членови. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски се против секоја реформа во правосудството и оти со илјадници амандмани ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат собраниската дебата за измени во Изборниот законик.

Прашан за големиот број амандмани поднесени од ДУИ за Изборниот законик, Костадинов ги повика сите политички партии и политичари да размислат и сите да се вложат во, како што рече, име на демократијата и демократизацијата на изборните процеси во државата кои ги бараат граѓаните.

– Апелираме амандманите да се повлечат. Да влеземе во суштинска дебата и конечно да го промениме Изборниот модел за кој се залагаме сите во изминативе години, посочи Костадинов.

Тој повика и нивниот коалициски партнер – ДУИ да размисли, да го преиспита чекорот и да ги повлече амандманите до почеток на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и да има суштинска дебата.

– Со промена на изборниот модел сите добиваме, пред се граѓаните, затоа треба сите да се ставиме во функција на граѓаните, смета Костадинов.

притисни ентер