Мицкоски : На државата и треба лидерство кое ќе донесе стабилност и развој

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на отворењето на семинарот со наслов „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината" во организација на ВМРО-ДПМНЕ и  Националниот демократски институт (НДИ).

Ми преставува особена чест и задоволство што повторно, по подолга пауза практично обновуваме едно пријателство и заедничка соработка со нашите партнери од Националниот демократски институт од Америка и што заеднички организираме еден работен престој кој што е добра прилика за размена на искуства, пренесување на знаења и втемелување на нови форми на соработка.

Искрено се надевам дека ова е почетокот на едно обновено суштинско пријателство кое убеден сум дека ќе донесе плодоносни резултати и ќе ни помогне за зголемување на нашите капацитети и реализација на нашите стратешки приоритети како политичка партија, што всушност се и приоритети и стратешки цели споделени со Република Македонија.

Искрено сум убеден дека се поставуваат основите за една долгорочна соработка која ќе донесе одлични резултати.

Ваквиот работен престој е прилика да се направи една ретроспектива за анализа на она што преставува и наслов на овој заеднички собир „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“.

Ова е дотолку повеќе важно затоа што она што сега ќе го испланираме, изградиме како заеднички капацитет во партиските структури ќе биде она што, уверен сум во еден извесен брз период треба да се преслика како раководење на институциите, нивно управување и менаџирање. И потполно треба да бидеме свесни дека граѓаните со право, ќе очекуваат резултати, исполнета работа и драстична разлика кон подобро. Ние сме тие кои ќе ја имаме задачата тоа да го донесеме и да не ги разочараме нивните очекувања што е првенствената обврска во се она што го правиме. Не смееме и нема да ги изневериме очекувањата на граѓаните!

Но патот до таму треба да се изоди. И ништо нема да дојде незаслужено, и ние треба да бидеме подобри од било која друга политичка сила сега и во минатото. Како што рекол американскиот претседател Абрахам Линкон она што и треба на секоја една демократија е владеење на народот, од народот, за народот. И ние тоа треба заеднички да го изградиме, преку отвореност, со неверојатен слух за потребите на граѓаните, зајакнување на демократските капацитети и да се водиме од интересите на Република Македонија и нејзините стратешки цели.

Секоја смена на власт носи своја порака. Како што тоа таквата смена ќе биде порака за оваа актуелната, така и ние добивавме во минатото пораки од граѓаните. И веројатно за тоа, и таквите нивни одлуки граѓаните имале добри причини. Наша должност е да ги признаеме нашите слабости, да ги oстраниме и надминеме, зајакнеме нашите капацитети, и понудиме она што им треба на граѓаните. И ние тоа го правиме.

На државата и треба лидерство кое ќе донесе стабилност и развој. После 28 години независност нам ни треба овозможување на сигурност на граѓаните и конечна верба во демократските принципи, во почитување на волјата на граѓаните која не секогаш во минатото била водилка за политичарите, а тогаш кога не била, се правеле грешки кои нашата држава ја чинеле скапа цена. И конечно на граѓаните им треба сигурност, верба во правната држава и владеењето на правото, каква во моментов за жал немаме. Но она што сега го имаме како фактичка состојба во државата е слаб институционален капацитет, разочарани очекувања, имаме поделено општество и тоа по повеќе основи. Станавме држава во која и поставувањето на директори на средни училишта предизвикува поделби, бидејќи истото е резултат на политички интереси и договори, а не последица на заслуги и минат труд. А поделеноста дезинтегрира, но нам ни е потреба интеграција. Еднакви можности за сите. Правна држава и конечно владеењето на правото

Имаме стратешки интереси кои треба да се одбранат, но и исполнат. Ние сега сме опозиција која е гласен коректив на власта. И за се она што денес критикуваме, треба утре да го исправиме и исполниме. И сум уверен дека тоа ќе го направиме. Пратеничката група, членовите на Извршниот и Централниот комитет, како секој еден член треба да знае дека оние капацитети што ќе ги изградиме сега, ќе бидат капацитети кои ќе управуваат утре и ќе имаат одговорност. Јас верувам дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе остане прогресивната сила која ги носела промените и секогаш била во служба на целите на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ја обединува енергијата на прогресивноста, на современиот патриотизам, и отвореноста да се рушат бариерите. И ќе го донесеме она што и потребно на нашата земја, промени, нова надеж и подобра иднина за сите.

Овој работен престој ќе помогне во зајакнување на внатре партиските капацитети. На крај дозволете да се заблагодарам и на луѓето од НДИ и мојот кабинет кои непосредно беа вклучени во неговото организирање. На сите овде Ви посакуваме пријатен работни мигови, висока ангажираност и мотивираност во текот на обуките , рече Мицкоски во говорот во Струга .

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

МФ-Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките

Министерството за финансии пред малку информираше дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледала извештајот за зголемените цени на осигурителните полиси за возилата. 

Од таму велат дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување. Пред Минситерството за финансии е Игор Манасиевски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Бербок повика на брзо прифаќање во ЕУ на земјите кандидати за членство од Западен Балкан

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок повика на брзо прифаќање во Европската унија на земјите кандидати од Западен Балкан по повод прославата на 20-годишнината од проширувањето на Европската унија со десет земји во 2004 година.

-Политичките и географските „сиви зони“ на Балканот или во источниот дел на ЕУ се крајно опасни. Не можеме да си дозволиме такви „сиви зони“, бидејќи за (рускиот претседател Владимир) Путин тие се покана за интервенција, за дестабилизација, напиша Бербок во авторскиот текст објавен по повод годишнината.

притисни ентер