Видео: Финалистот ќе биде познат по реваншот на „Бернабеу“! Ел Класико без победник

Првото Ел Клаиско во 2019 , судирот на најголемите ривали во светскиот фудбалер, шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид заврши без победник со резултат 1-1 во рамките на полуфиналето од Купот на Кралот.

Патникот во големото финале ќе биде познат по реваншот на 27 февруари кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ во мадрид.

Кралевите беа подобри во првиот дел, а домашната Барса во второто полувреме.

Домаќините дербито на Ноу Камп го почнаа без капитенот Лео Меси, кој остана на клупата за резерви поради повреда. Реал го искористи тоа и уште во 6 минута со голот на Васкез резултатски го отвори Ел Класико.

Барселона потоа долго  време ја имаше иницијативата,Ракитиќ ја погоди пречката, Навас беше поуспешен од Суарез, во овој дел и фудбалерите на Реал имаа неколку шанси за зголемување на водството, но, во 57 минута  Барселона заслужено стигнува до израмнување.

Малкон по лошата интервенција на Навас го погодува празниот гол за израмнување на 1-1.

Во продолжението од првото полуфинале иако и Меси влезе во игра фудбалерите на Барселона не успеаја да ја валоризираат теренската иницијатива.

Реваншот во Мадрид се игра на 27 февруари, за вториот финалист во шпанскиот Куп на Кралот одлучува дуелот меѓу Бетис и Валенсија.

Игуаин го прослави голот на градите на навивачка (ВИДЕО)

Гонзало Игуаин бурно го прослави голот против Барнли.

Аргентинецот бурно го прослави голот со кој Челзи го изедначи резултатот на 2:2. По постигнатито гол , кој му е четврти во синиот дрес оваа сезона, Игуаин се фрли кон публиката.

Во тој момент одбра една од навивачките и буквално и се фрли на градите. Ова видео денеска беше вистински хит на социјалните мрежи , каде се води расправа дали девојката го повлекла Аргентинецот на градите или тој самиот ја избрал и и се нафрлил.

Вардар со неизвесност за иднината го дочекува ПИК Сегед

Вардар одржа прес-конференција по повод четвртфиналниот натпревар со ПИК Сегед в четврток, но многу пообемна тема на средбата беше најавата на Сергеј Самсоненко дека ќе го напушти клубот.

Капитенот Стојанче Стоилов вели дека нивната судбина е неизвесна, но важното е дека сега тие сето тоа го ставаат на страна и се фокусираат на натпреварот со унгарскиот шампион.

Солскјер најави чистка по дебаклот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл денеска против Евертон од кого загуби со 0:4.

Ова беше најголемата победа на Евертон против Манчестер Јунајтед од 1984 година кога изгуби со 5:0. По овој резултат е јасно дека магијата на Оле Гунар Солскјер исчезна, откако Норвежанецот го замени Мурињо на чело на тимот пред крајот на минатата година.

Јунајтед славеше на 10 од првите 11 натпревари со него на клупата. Но , сега Јунајтед пропаѓа и загуби шест од последните осум натпревари.

Солскјер , за да ја смири својата и лутината на навивачите , најави дека од сдледната сезона голем број од фудбалерите на Јунајтед нема да играат во тимот.

притисни ентер