Научниците на НАСА збунети од калта на новонастанат остров

Научниците на НАСА за прв пат стапнаа на новиот осдтров во Пацификот , што се формирал сам од себе и на него има леплива кал , што не може да објаснат од каде потекнува.

Островот во Тихиот Океан во близина на островскиот архипелаг Тонга постои веќе три години , што е рекорден период за ваков вид острови. Ова прв новонастанат остров во последните 150 години што опстанал подолго од неколку месеци.

Затоа , научниците на НАСА се заинтересирале и го снимиле од вселената , а потоа и на него пристигнал физичарот и геолог Ден Слајбек од Центарот за вселенски летови.

Брегот на островот бил прекриен со црн песок , по кој било тешко да се оди , но поголемиот дел од внатрешноста е прекриен со леплива кал , за чие настанување научниците немаат објаснување.

Од НАСА велат дека се земени примероци и ќе се испитува потеклото и составот на чудната кал .

,, На сателистските снимки се гледа материјал со светла боја. Станува збор за кал што е многу леплива. Иако го видовме со свои очи не можевме да утврдиме за што се работи. Уште не знаеме како настанала таа кал , зашто нe станува збор за вулканска пепел.” , вели професорот Слајбек.

За овие три години на островот се доселиле и птици , а има и растенија.

Фото: Сенида ги покажа облините во костим за капење

Лето е, сите се разголуваат па и Сенида постави фотографии во костим за капење на својот „Инстаграм“ профил.

Таа преферира едноставни костими за капење и не е толку нападна во покажувањето на нејзиното тело.  

Видео: Куче скокна во река за да го спаси своето другарче

Кога ќе се земе во предвид дека водата не е длабока и дека чамецот е блиску до брегот, ова видео и не е толку драматично.

Но кога ќе го видете уплашеното мало кученце како цимоли, сигурно ќе ви падне жал за него. Такво чувство имаше и големото куче и затоа направи ваков храбар потег.

„RIMAC“ на турнеја низ америка

„RIMAC“ и неговите електрични болиди, веќе некое време се низ Америка, каде учествуваат  на бројни автомобилски случувања.

Љубителите на автомобили низ Америка ќе можат да ги видат и да се восхитуваат на новите модели од компанијата „RIMAC“.

притисни ентер