Раул Гонзалес го напушти кормилото на македонската ракометна репрезентација

Шпанскиот стратег Раул Гонзалес повеќе не е селектор на  машката ракометна репрезентација на Македонија. 

 Ракометната федерација на Македонија денеска објави дека бил постигнат договор за спогодбен раскин на соработката со досегашниот селектор Раул Гонзалес.

„Земајќи ја предвид потребата машката А - селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клупски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката. Би сакале да му се заблагодариме на Ел команданте за досегашното работење со нашиот А-тим и му посакуваме се најдобро: многу успеси и многу титули во иднина. Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи“ – стои во соопштението од ракометната федерација. 

Актуелниот тренер на францускиот ПСЖ  ја водеше селекцијата на Македонија на Европското првенство во 2017 и на Светскиот шампионат во 2019, Мундијал на кој црвено жолтите го освоија 15 место. 

 

притисни ентер