КултураОтец Партениј: Договорот од Преспа е основа за подобра соработкаГрчката телевизија ЕРТ 3 го посети Бигорскиот манастир, а во интервјуто со игуменот на манастирот, архимандрит Партениј, неизбежна тема беше и Договорот од Преспа, како и признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА.Грчката телевизија ЕРТ 3, пројави голем интерес да го посети Бигорскиот манастир, на кој му претстои голем јубилеј – 1000 години од неговото основање – што е повод тој да биде се' почесто посетуван од многу медиуми од регионот. Грчката телевизија е изненадена што многу грчки туристи и поклоници токму со години доаѓаат во Бигорскиот манастир, за што Игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј објаснува: „Сите што доаѓаа во Охрид, доаѓаа и овде. До денес е така, најмногу доаѓаат млади, но доаѓаат и свештеници и монаси, оние со кои имаме врски. Нѐ сакаат, гледаат дека овде живее еден народ што е ист како нив“. Грчките новинари не ја пропуштија можноста да побараат мислење и за Договорот од Преспа, за што отец Партениј децидно одговори: „Јас не сум стручен да кажам дали е совршен овој Договор, но тој претставува една основа за да имаме подобра соработка“. И ова, како и сите останати интервјуа за странски медиуми, Архимандрит Партениј го искористи за да го актуелизира проблемот на МПЦ-ОА и да побара поддршка за решавање на најголемата рана во нашата Црква: „Се надеваме и се молиме на Бога, да се реши најголемиот проблем – тоа е расколот. Зашто, како што кажав, имаме добро врски со Света Гора, со Црквата на Грција, но она што е најважно за нас, не можеме да го направиме – тоа е да сослужуваме, што е за жалење, зашто сме браќа“. Како што истакна во интервјуто, негова најголема желба, е токму на милениумскиот јубилеј на Бигорски, Вселенскиот Патријарх да присуствува на големата празнична прослава: „Се надеваме дека Патријаршијата ќе ни помогне за нашата Црква да стане автокефална, и за нас ќе биде голема, најголема радост, Вселенскиот патријарх да дојде овде, да го пречекаме и да празнуваме заедно“. Отец Партениј не пропушти да испрати и срдечна порака до народот на Грција, велејќи: „Сакаме да ја испратиме оваа порака на љубовта до Грците, кон Црквата на Грција, кон Патријаршијата, и кон сите, дека ги сакаме и сакаме и ние да бидеме во тоа семејство, зашто веруваме во една света, соборна и апостолска Црква“. Запрашан, пак, од новинарот на грчката телевизија дали неговата надеж е заедничката Литургија, тој истакна: „За тоа живеам. Тоа го чекам. Тоа е мојот сон и мојата надеж е тоа. Зашто за мене, како монах, најважна е светата Литургија, светата Причест. И многу се натажувам, кога одам таму и не можам да се причестам. За нас, за сите, тоа е една голема рана“. Голем дел од емисијата беше посветен и на историјатот на Манастирот и на Чудотворната икона на Св. Јован Крстител. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЗабаваИрина Шајк како ѓаволица на Ноќта на вештерките- сите се воодушевени (ФОТО)Манекенката Ирина Шајк (40) избра смел костим за овогодинешната Ноќ на вештерките, кој привлече големо внимание на социјалните мрежи. Таа носеше тесен црвен комбинезон од сјаен материјал, а комбинацијата ја надополни со високи потпетици и ѓаволски рогови. На фотографиите што ги сподели на Инстаграм, таа позира во комбинезон со долги ракави и висока јака што ја нагласува нејзината фигура. „Ангел претворен во ѓавол“, напиша таа покрај објавата, која собра повеќе од 163.000 лајкови. Меѓу бројните реакции, се издвоија коментарите на познати лица од светот на модата. Дизајнерот Рикардо Тиши остави емотикони во форма на црно срце, додека моделот Даниела Понтес рече: „Воау“. Црвен комбинезон и впечатлива шминка Покрај самиот костим, вниманието го привлече и нејзиниот изглед. Таа ја стилизираше црната коса во бујни локни што паѓаа преку рамената, додека челото ѝ беше украсено со внимателно стилизирани бранови коса. На главата носеше црвени рогови што дополнително ја нагласуваа целата комбинација. Шминката беше подеднакво импресивна. Таа ги нагласи очите со смело црно мастило и светкава сенка за очи, а на усните стави темноцрвен кармин со сјаен финиш. Исто така, избра црвен маникир што одговара на костимот, чиј сјаен материјал беше особено видлив на фотографиите направени со блиц. View this post on Instagram A post shared by irina shayk (@irinashayk) По модната писта, Ноќта на вештерките со семејството Фотографиите пристигнаа кратко по нејзиното враќање на модната ревија на „Викторијас сикрет“, одржана на 18 октомври во Лос Анџелес. Во интервју за ¡HOLA! зад сцената, таа зборуваше за самодовербата и предизвиците што ги носи таа. „Мислам дека е многу тешко да се има самодоверба денес“, рече таа. Покрај тоа што го покажа својот гламурозен костим, Ирина дел од Ноќта на вештерките го помина и со своето семејство. Со нејзиниот поранешен партнер, актерот Бредли Купер, и нивната ќерка Леа, таа посети куќи и собираше слатки во Њујорк. „40-тите години се новото најдобро време за жените“ Ирина го прослави својот 40-ти роденден во јануари, а во неодамнешното интервју за „Вог Арабија“ зборуваше за стареењето, убавината и прифаќањето на телото. „Луѓето треба да се опуштат бидејќи четириесеттите години се новото најдобро време за жените. Тоа е нов почеток“, рече таа. Таа, исто така, се осврна на нереалните очекувања што ги следат жените во модната индустрија. Таа нагласи дека професионалните фотографии не мора нужно да покажуваат како изгледа во секојдневниот живот и отворено зборуваше за брчките и целулитот. View this post on Instagram A post shared by irina shayk (@irinashayk) Таа, исто така, призна дека научила повеќе да го прифаќа своето тело со текот на годините, по долг период во кој се чувствувала притисната да се вклопи во одредени стандарди за убавина. Денес, таа се обидува да најде време за себе и покрај деловните обврски и грижата за својата ќерка. Меѓу навиките што станаа дел од нејзината рутина, таа ги издвои здравата исхрана и посетите на руската сауна.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаПетровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директоритеПратеничката Славјанка Петровска упати критики до Владата поради предлогот за укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.Пратеничката Славјанка Петровска упати критики до Владата поради предлогот за укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, оценувајќи дека со образложението за ваквиот потег се доведува во прашање способноста на безбедносните институции. Таа порача дека, доколку власта остане доследна на наведените оценки, треба да следат оставки од министерот за внатрешни работи и од директорите на разузнавачките агенции. На расправата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Петровска го оспори пристапот со кој утврдените недоследности се решаваат со укинување на законот, наместо со нивно отстранување. „Не постои во нашата поблиска и подалечна историја која било влада што ќе даде карактеристика за безбедносно-разузнавачките служби дека се неспособни. Ако сакате да бидете доследни на она што сте го напишале, очекувам откако ќе се усвои законот да следат и оставки на оние што се одговорни во МВР, директорите на АНБ и Агенцијата за разузнавање и надлежните институции“, рече Петровска. Таа посочи дека надлежните имале една година да ги коригираат констатираните недоследности, но наместо тоа сега предлагаат престанување на важењето на законот. Според Петровска, укинувањето на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница претставува сериозен безбедносен проблем, особено во услови кога соработката меѓу институциите е клучна за одговор на глобалните предизвици. „Дали ова значи дека безбедносните институции немаат капацитет да одговорат на глобалните предизвици?“, праша таа. Дополнителна загриженост, според неа, предизвикува тоа што укинувањето на законот се предлага во период кога Владата најавува обединување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање. Петровска оцени дека евентуалното спојување на службите не треба да започне со отстранување на постојните механизми за координација, без претходно да се понуди јасна слика за идната институционална поставеност и начинот на кој ќе се обезбеди нивната соработка, се наведува во соопштението на Петровска. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаЈанчев: Разговорите со граѓаните продолжуваат и оваа вечерВо рамки на посетите на урбаните и месните заедници, вечерва остваривме средби со жителите на локациите Киро Крстев, Браќа Џунови, Страшо Пинџур 1 и Страшо Пинџур 2.Преку непосредна комуникација, размена на мислења и конкретни предлози, ги слушаме потребите на граѓаните и ги утврдуваме приоритетите за Програмата за работа за 2027 година. Продолжуваме да бидеме на терен, таму каде што се создаваат најдобрите решенија – во директен разговор со граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00