Царовска: Лицата со попреченост мора да ги остварат своите права како и сите други граѓани

Македонија има направено добри чекори напред во унапредување на правата на лицата со попреченост.

Македонија има направено добри чекори напред во унапредување на правата на лицата со попреченост, особено во делот на деинституционализацијата, но останува уште многу да се направи пред се во обезбедување на можности за вработување на овие лица со искористување на нивниот потенцијал, за рана детекција кај децата и вклучување во образовниот систем, како и изработка на регистар на лица со попреченост преку вкрстување за креирање уште подобри политики.

Ова се дел од ставовите на учесниците кои се обратија на почетокот на тридневната обука „Промена на парадигмата и придонес кон прифаќање на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост" во организација на агенциите на Обединетите нации и МТСП.

-Сите институции заедно со граѓанскиот сектор поинтензивно да работат на имплементација на самата Конвенција, која е документ што Македонија го ратификувала, но досега не се работело доволно на ова прашање. Ние како Влада имаме цврта заложба дека лицата со попреченост мора да ги остварат своите граѓански права како и сите други граѓани во државата. Токму затоа сите институции треба да го дадат максимумот во имлементацијата на овој документ, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Потсети дека досега ги остраниле сите административни бариери за остварување на правата, оти ја зголемиле паричната поддршка, како и дека дополнително се воведуваат услуги на локално ниво за да може да овие лица поленсо ги остваруваат правата и да се зголеми квалитетот на живеење. Според неа, особен напредок е постигнат во процесот на деинституционализација и затворање на гломазните институции. Притоа потенцира дека до 2020 Заводот во Демир Капија треба да биде трансформиран во нов концепт за поддржка и живеење во локалната заедница за овие лица.

Постојаниот координатор на ОН и преставник на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс, вели дека е особено важно да се обучат и граѓанските организации, но и владините институции за да можат да дадат поголема поддршка на лицата со попреченост со цел да им се овозможи достоинствен живот и квалитетен живот.

– Постигнат е добар прогрес, но, има уште многу да се направи. Сакаме да видиме општество во кое возрасните лица со попреченост ќе можат да се вработат и да ги реализираат своите потенцијали, и да живеат достоинствено во заедницата, а не во институција. Потребна е и рана детекција на попреченост и вклучување на сите деца во предушилишното образование.

Во Македонија нема регистар за лица со попреченост, но Царовска истакна дека се работи на поврзување на системите на здравство, образование и социјала, за да се види статистика на сите луѓе кои се едидентирани во ситемот, дали со здравствено осигурување, дали добиваат помош од МТСП или се вклучени во образование. Со тоа, рече, ќе добиеме првична бројка. Според светските статистики пак, како што појани Перкс, 10 проценти од возрасните и пет проценти од децата имаат некаков вид попреченост. /МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер