ЕУ сака да го стимулира развојот на автономни возила

Европската Унија мора што побргу да одговори на конкуренцијата во секторот сообраќај со автономни возила , порачаа денеска европарламентарците.

Со дури 585 гласа за и 85 против го изгласаа извештајот на холандскиот европратеник Вим ван де Камп , кој покрај силната финансиска помош , побара и законска поддршка за автономните возила.

,,Европа мора да биде иновативна и побрза. Кина и САД не чекаат .” , рече пратеникот во излагањето.

Автономните возила се опремени со сензори , фотоапарати , компјутери, ГПС, сателитски приемници и радари со краток дострел и ја вршат целата или дел од работата при возење автомобил. Повеќе светски земји веќе развиваат цели системи и на меѓусебна поврзаност на автомобилите и инфраструктурата за поуспешно автономно возење.

Како главен адут во денешното излагање , холандскиот пратеник ја наведе безбедноста во сообраќајот. ,,Околу 90 проценти од сообраќајните несреќи се случуваат поради човечка грешка. “ , рече пратеникот .

Автономните возила од трета и четврта генерација веќе се тестираат и се очекуваат на пазарот меѓу 2020 и 2030 година. Целосно автоматизираните возила од петта генерација се очекуваат по 2030 година.

Според планот , сите нови возила во 2022 би требало да бидат вмрежени , а мрежата на возила би опфаќала не само автомобили , туку и камиони и комунални возила.

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Учениците од понеделник на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта  во Македонија од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен од оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Миовски фудбалер на годината на Абердин

Репрезенативецот на ѐмакедонија, центарфорот Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

Фудбалскиот клуб Абердин го прогласи македонскиот напаѓач Бојан Миовски за најдобар играч во тимот за сезоната 2023/2024.

Ова и не е толку големо изненадување ако се знае дека штипјанецот се најде и во идеалниот тим на сезоната во шкотската Премиер лига. Покрај тоа, Бојан е прв стрелец на Абердин, незаменлив е во првиот состав и главен адут на тимот.

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

притисни ентер