ФБИ отвори истрага против Трамп и неговата поврзаност со Русија

Во 2017 американското Федерално Истражно Биро отворило истрага за поврзаноста на Трамп со Русија , објави Њујорк Тајмс.

Истрагата на ФБИ доби продолжени во истрагата на посебниот истражувач Роберт Милер за предизборната кампања на Трамп , потпомогната од Русија. ФБИ ја почнало истрагата во мај 2017 , веднаш по смената на неговиот директор Џејмс Коми.

Во делот на разузнавачката истрага се утврдува дали свесно или несвесно Трамп работел за Москва , додека кривичниот дел од итрагата се однесува на смената на Коми .

Според весникот , не е познато дали истрагата на ФБИ и натаму е во тек.

Сомнителен пакет предизвикал паника на аеродромот во Манчестер

На аеродромот во Манчестер е забележан сомнителен пакет заради кој се ангажирани припадници на тимот за деактивирање бомби, соопшти полицијата.

Се наведува и дека еден маж е уапсен.

Полицијата го обезбедила делот од аеродромот каде што е забележан пакетот.

Од полицијата наведуваат и дека привремено е запрено обраќањето на трамваи, возови и автобуси кои одат до самиот аеродром, пренесува „Ројтерс“.

Бојан Јовановски во 12 часот на распит кај Вилма Русковска

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денеска во 12 часот во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе биде донесен  од притворот во Шутка на распит кај обвинителката Вилма Русковска.

Пред обвинителството е Михајло Видимлиски,ова  е прво соочување на Боки 13 со обвинителката Рускоска по скоро три месеци од мерката притвор која му беше одредена за случајот “Рекет”.

Џафери во посета на Казахстан

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, во состав на делегацијата е и пратеникот Енес Ибрахим.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска и утре учествува на Четвртиот состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија на тема: „Голема Евроазија: Дијалог. Доверба. Партнерство", во Нур-Султан, Република Казахстан.

На состанокот учествуваат парламентарни делегации од шеесетина земји и 39 претседатели на национални парламенти од Европа и Азија, како и 13 меѓународни парламентарни собранија. Се очекува на крајот од состанокот да биде усвоен Финален документ со препораки за поблиска соработка меѓу државите и унапредување на дијалогот, довербата и партнерството во регионот.

По завршувањето на овој мултилатерален форум, на 25 и 26 септември 2019 год, претседателот Џафери ќе оствари официјална посета на Република Казахстан, на покана од претседателот на Мажилисот на казахстанскиот Парламент Нурлан Нигматулин. /МИА

притисни ентер