Фото: Наскоро стигнува летачко такси!?

На најголемиот саем на геџет ЦЕС во Лас Вегас е преставено такси возилото на блиската иднина.

На саемот во Лас Вегас преставени се прототипи на автомобили со кои ќе се намали емитувањето на  „CO2“ во воздухот но ќе се намалат и градските гужви во јавниот превоз.

Станува збор за преставување на првите летачки такси автомобили.

Панасоник  „ Space C “го претстави и концептот на првиот мини бус за превоз на патници.

На саемот беше претставен и автомобилот  џип на Бајтон, семеен автомобил кој користи вештачка интелигенција, камери, сензори и навигација за движење низ градските улици.

Светот го виде и автоматизираното возило робот за достава на храна по дома.

Во Чернобил цвета ,,црниот” туризам (ФОТО)

Откако серијата ,,Чернобил” го заинтригира целиот свет , на местото на нуклеарната катастрофа цвета туризмот.

Илјадници луѓе од сите делови на светот сакаат да го видат местото на најголемата нуклеарна катастрофа на електраната Чернобил.

Во градот Припјат , кој во времето на дефектот на нуклеарната електрана имал 600 000 жители , се е оставено како кога се евакуирале во 1986 година.

Чернобил е отворен во 2011 за туристи , но до сега таму одеа само групи авантуристи.

Наместо на летен одмор на плажа , луѓето одат на местото на смрт и трагедија , каде илјадници загинаа од радиоактивното дејство на нуклеарната централа , која изгоре во најголемата хаварија во историјата.

За еден месец на видео игри се потрошени девет милијарди долари

На порталот SuperData Research  на компанијата Nielsen објавени се податоци според кои играчите на видеоигри во светот само за додатоци во мај годинава потрошиле речиси девет милијарди долари.

Во мај играчите на видеоигри и дигитални додатоци поврзани со нив потрошиле 8,7 милијарди долари. Иако се чини дека сумата е невериојатно висока , тоа е за 4 проценти помалку отколку во мај минатата година. Причината е пад на потрошувачката на мобилните игри за шест проценти , кои имаат поголем удел отколку игрите на компјутер и конзоли заедно.

На компјутерските платформи и натаму доминиора League of Legends , додека на второ место се најде Dungeon Fighter Online, која е популарна во азиските земји. Потоа следува кинескиот MMORPG Westward Journey Online II, а по неа и другите игри популарни на западниот пазар.

Од игрите на конзоли најпопуларни се оние на Fortnite и FIFA.Втората е значително падната во однос на играчите минатата година , што се смета дека е поради светското првенство во фудбал во Русија.

На мобилните платформи играчите најмногу пари издвоиле за играта Honour of Kings, а потоа за Perfect World, Candy Crush и  Clash of Clans.

Лансирана ракета со 24 сателити , што во вселената носи и пепел на покојници (ВИДЕО)

Американската компанија SpaceX денеска ја лансираше во вселената својата најгоелма ракета ,,Фалкон Хеви” опремена со вселенски атомски часовник и соларно јадро.

Ракетата во вселената понесе 24 сателити , како и капсула со пепел на 150 покојни луѓе. Ова е прв ваков лет на компанијата на милијардерот Илон Маск , како дел од мисијата на Министерството за одбрана на САД. Еден од сателитиите што ги носи ,,Фалкон Хеви” на себе го има атомскиот часовник на НАСА ,,Deep Space” , што би требало да го смени начинот на навигација низ вселената.

Леталото носи и капсула во која има пепел од 150 покојници , чии семејства сакале тие да почиваат во вселената.  

Според Маск , ова било нивното најтешко лансирање. Вели дека сателитите требало да бидат поставени во три различни орбити и биле потребни неколку часа за да ги ослободат. Прв пат ракетата Фалкон Хеви е лансирана во февруари 2018 година.

притисни ентер