Во Канада фатени мистериозни сигнали од космосот!!

Научниците во шок поради мистериозните сигнали од космосот, со кои според нив вонземјаните ни се јавуваат од оддалечените галаксии?

Астрономите го објавиле истражувањето за таинствените сигнали кои стигнуваат од далечните галаксии, сигнали кој ги примил телескоп во Канада.

Потеклото на овие радио- бранови засега се уште не е познато. Меѓу 13 интервали на брзи радио бранови (ФРБ), се повторувал еден многу необичен сигнал, кој доаѓал од ист извор, од нас оддалечен околу 1,5 милијарди светлосни години.

-Сега кога воочивме уште еден ФРБ сигнал, можеме да претпоставиме дека во вселената ги има повеќе, истакнала астрофизичарката Ингрид Стаирс од Универзитет Бритиш Колумбија.

„Со повеќето повторувања и изворот кои можеме да ги проучуваме, можеби ќе успееме да ја решиме оваа космичка загатка, од каде доаѓаат тие сигнали и што ги предизвикува, дополнила астрофизичарката.

Телескопот КХИМЕ (Canadian Hydrogen Intensity Mapping Experiment) кој се наоѓа во долината Оканаган во Британската Колумбија во Канада се состои од четири полуцилиндрични антени. Секоја е долга по 100 метри, а со овие антени може да се проучува целото северно небеско подрачје.

Овој телескоп започнал со работа минатата година и веќе детектирал 13 радио бранови од космосот.

Поради авантура среде море , им се заканува смртна казна (ВИДЕО)

Американец и неговата девојка се соочуваат со смртна казна поради тоа што живееле на платформа во меѓународни води.

Чад Елвартовски и неговата девојка , Супрани Тепдет се во бегство пред тајландската морнарица , која ги обвинува за градење на морски дом , со што го нарушувале државниот суверенитет.

Нивниот дом , фиксиран на 20 метри висока платформа се наоѓа на околу 19 километри од монденското летувалиште Пукет . Американецот тврди дека куќичката е поставена на 21 километар од брегот на Тајланд и дека не ги загрозува нивните води.  Морнарицата нагласува дека двајцата не побарале никаква дозвола за градба на куќата , подигната на бертонска платформа среде море.

Доколку ги прогласат за виновни за нарушување на суверенитетот на државата , им се заканува доживотен затвор или смртна казна.

Елвартовски работел како програмски инженер за американската армија , пред да почне да вложува во виртуелната валута биткоин. Потоа заедно со девојката од Тајланд почнале да градат куќа среде море и станале дел од групата Ocean Builders, кои градат куќи во морињата со цел да станат автономни од секоја власт.

Спорната платформа била изградена во февруари , но властите ја откриле дури оваа недела.

Ваквите градби , односно мини заедници се расфрлани низ сите мориња , и тоа во меѓународните води , каде станарите прогласуваат автономија. Најпозната е платформата Силенд , изградена од 1967 година во Северното море.

Мајката на најславните манекенки ги изгладнувала од малечки (ВИДЕО)

Пред да станат најпознати манекенки на светот Џиџи и Бела Хадид , биле под режим на мајка им Јоланда.

Таа во ријалити серија , чии извадоци се емитуваат ги принудува да гладуваат манекенките, кои тогаш биле тинејџерки , а на Џиџи и забранува да игра одбојка за да не добие непотребни мускули. Јоланда и самата била славна манекенка пред да се реши да му се посвети на семејството, а кон ќерките од секогаш била брутално искрена во опишувањето на модниот свет.

Џиџи Хадид чекала кога ќе и биде роденден , зашто само тогаш бил ден без диета и со сестра и Бела можеле да јадат од роденденската торта.

,,Може една вечер да ја измамите диетата, но потоа мораш да се вратиш на ниормнална исхрана. Знаеш. Париз и Милано сакаат слаби девојки.” , им вели Јоланда на своите ќерки.

Видеото со лекциите на строгата мајка кон ќерките е прегледано над три и пол милиони парти. Голем број се со критики кон мајката , која поради својата амбиција , ги измачува ќерките.

Џиџи и Бела сега се меѓу топ десетте манекенки , а нивниот 19 годишен брат Анвар исто така е во модната индустрија.  

Годзила има над 1000 Кс и лесно стигнува до 380 км/час (ВИДЕО)

На патеката Johnny Bohmer Proving Grounds, долга нешто повеќе од четири километри се докажа спортската изведба на Nissan GT-R.

Новиот спортски болид на Нисан ги покажа своите перформанси на патеката , на која се испробуваат најсилните болиди.

Nissan GT-R има над 1 100 коњски сили и погон на сите тркала . По забрзувањето на првата четврт милја, болидот продолжи со силното забрзување , а без проблем стигна до 380 км/час.

притисни ентер