Полицијата испитува како родила жена која 10 години е во кома (ВИДЕО)

Полицијата го истражува неверојатниот случај на жена која роди бебе , иако десет години е во кома.

Полицијата го истражува случајот на сексуално злоставување , односно силување на жена која десет години е во кома и е сместена во Центарот за здравствена нега во Феникс , во американската држава Аризона.

Поради скандалот , директорот на оваа установа даде оставка во понеделникот. Сите вработени мажи во центарот мора да дадат ДНК на анализа , за да се утврди чие е бебето и кој ја силувал неподвижната жена.

Персоналот на центарот раскажува дека никој не знаел дека жената воопшто е бремена , се додека не добила породилни болки и почнала да стенка , по што родила здраво бебе.

Но , од друга страна Законот за заштита на податоците ги спречува надлежните да спроведат масовно земање на ДНК од целиот машки персонал , без оглед дали доброволно или со налог.

На ваквиот скандал реагираа и од индијанското племе , чија припадничка е 29 годишната жена. Поглаварот Тери Рамблер на племето Сан Карлос Апачи изрази шокираност и ужас од третманот што го добила нивната соплеменичка , која е во кома како последица од давење во вода пред десетина години.

Од семејството на жената велат дека ќе се грижат за малото момче.

Центарот во Феникс има над 40 здравствени програми за над 2 500 пациенти и тоа главно деца , тинејџери и помлади возрасни лица , кои се неподвижни и им е потребна палијативна нега.

Најмоќниот и најбрзиот автомобил на Форд - Shelby GT500 (видео)

Форд во оваа првата половина на јануари на саемот за автомобили во Детроит го претстави најмоќниот и најбрзиот сериски автомобил Мустанг.

Како што изјавуваат од Форд, за погонот на овој автомобил употребен е 5.2 литарски V8 со компресор, а моторот произведува повеќе од 700 коњски сили.

Според фабричките податоци, Shelby GT500 е во состојба од место до 96 километри на час да забрза за само околу 3 секунди, додека 400 метри поминува за нешто помалку од 11 секунди.

Форд ја најави продажбата на овој монструозен Мустанг на почетокот на оваа есен.

Викендов целосно затемнување на месечината и феномен на ,, Супер Месечина“

Викендов ќе се случи многу редок феномен од една страна на целосно затемнување на Месечината а од друга, на Супер Месечина.

- Американскиот астрофизичар Патрик Хартиган изјави дека тоа ќе биде интересно бидејќи ќе се случи и Супер Месечина и целосно затемнување на месечината додавајќи дека затемнувањето ќе трае многу долго, околу еден час.

Затемнувањето ќе почне в недела вечерта или в понеделник рано наутро во зависност од тоа на кој дел од земјата ќе се набљудува овој феномен.

Феноменот ќе може да се види  во северна и Јужна Америка, на Гренланд, Исланд, Ирска, Велика Британија, Норвешка, Шведска, Португалија, но и на брегот на Франција и Шпанија.

Другиот дел од Европа ќе има само делумен поглед.

Наредното целосно затемнување на Месечината се предвидува за мај 2021 година.

Актерката Бети Вајт го прослави 97. роденден играјќи покер

Комичарката Бети Вајт го прославии 97. роденден со торта и играјќи покер со пријателите.

Вајт, која е најпозната по  улогата Роуз Нуланд во серијата „Златни девојки“, снима и денес филмови и реклами.

Таа е запишана во Гинисовата книга на рекорди како жена со најдолга телевизиска кариера во историјата.

Вајт на прашањето на што се должи нејзината долговечноста и виталноста одговори – „на вотка и хот дог“.

притисни ентер