Најновиот Мерцедес ја следи работата на срцето на возачот (ВИДЕО)

Мерцедес ја претстави најексклузивната изведба на А класата , моделот ЦЛА , кој за прв пат ја следи работата на срцето на возачот и се прилагодува кон него.

Новиот Мерцедес е различен и по големината , така што во однос на претходникот е подолг за 48 мм, со должина од 4,688 мм. Поголем е и во широчина и тоа за 53 мм , односно е широк 1.830 мм. Но тоа не пречи во однос на коефицинетот на отпорот на воздухот , кој остана ист , односно 0,23 пред се поради елегантната линија.

На саемот во Лас Вегас Мерцедес дебитираше со моделот ЦЛА 250 со 2.0 турбо мотор и 225 Кс , а се управува со седум степен менувач со две спојки. Особено се издвојува и според инфотенментот во кабината на автомобилот.

Во него е вграден ,,Хеј Мерцедес “ гласовен систем на наредби со препознавање на гласот на возачот. Системот MBUX ги разликува и движењата на различни личности , одговара на комплексни прашања и подобро ги разбира желбите на патниците.

Благодарение на вградените паметни спортски часовници на Гермин , ја следи работата на срцето на возачот и ја прилагодува кон Енерџајзинг контролата за удобност , вклучително и за амбиенталното осветлување.

И во делот на безбедноста важат високите стандарди. За тоа се вградени системи на делумно автономно возење , автоматско кочење и држење на насока во сообраќајна лента.

Во мај почнува продажбата на овој модел и во Европа , а производителите се надеваат дека овој Мерцедес ќе биде привлечен за помладите возачи.  

Подарокот за Путин е подготвен!!

 Кученце од раста „Шарпланинец “  претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе му подари на неговиот висок и ценет гостин претседателот на Руската федерација Владимир Путин.

Станува збор за мало „шарпланинче“ наречено Паша. Според медиумите се работи за подарок кој носи посебна порака, поради тоа што станува збор за раса која има многу одлики. Но, најсилната е дека Шарпланинецот е одбранбено куче кое не се плаши од ништо.

Спасен пациент со мозочен удар со новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија

Пациентот се чувствува добро. Најважно е дека навреме се спасени сите витални функции кај него, непречено ги движи и нозете и рацете.

 На пациент кој имал мозочен удар поради запушување на магистрален крвен сад во мозокот, завчера тим  лекари невролози, анестезиолози и радиолози, му го спасија животот со помош на новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија, која веќе станува практика во Република Македонија. Оваа метода се применува во сите сите современи клиники во Европа и Америка, соопшти Министерството за здравство.

Станува збор за зафат со кој, во исто време со помош на тромболиза, која го омекнува тромбот заглавен во крвниот сад и тромбектомија или механичко  отстранување на тромбот, и тоа во најкус можен рок, на пациентот му е спасен животот, но и моторнитe функции на екстремитетите, кои често како последица од мозочен удар остануваат во состојба на одземеност, посочуваат од Министерството.

Пациентот на кој му е извршен успешниот зафат го посети министерот за здравство Венко Филипче.

– Пациентот се чувствува добро. Најважно е дека навреме се спасени сите витални функции кај него, непречено ги движи и нозете и рацете. Без примената на оваа нова метода пациент со ваков мозочен удар или ќе починеше или ќе останеше со трајни инвалидни последици. Голем успех за тимот лекари кои беа вклучени во овој, за нас иновативен пристап, но кој покажува многу добри резултати при состојби на акутен мозочен удар. Им честитам на колегите, а на пациентот му посакувам побргу да закрепне и си оди дома кај семејството, изјави Филипче.

Зафатот, како што се наведува, го извел тим од лекари и медицински сестри и тоа д-р Анита Арсовска и д-р Бојан Бошковски од Клиниката за неврологија, д-р Петар Јаневски, д-р Менка Лазарова и д-р Дејан Даскалов од Клиниката за радиологија и анестезиологот д-р Азби Агуши од КАРИЛ. 

Досега невидено: Хрватски пензионер го забавил броилото за гас, “заштедил“ 4.000 евра

Хрватски пензионер од градот Копривница, со помош на магнет го забавил гасомерот во својот двор и само за една година “заштедил“ 4000 евра.

Меѓутоа, полицијата и претпријатието за плин во Копривница ја откриле измамата, па го привеле седумдесетгодишниот пензинер, против кој ќе биде покренато обвинение.

Тој се сомничи дека од 1 јануари до 31 декември 2018 година го оштетил ова јавно претпријатие за околу 30.000 куни, наведува порталот „Podravski.hr”.

Како што наведува овој портал, станува збор за досега невидена метода за крадење на гас на подрачјето на Копривница.

Седумдесетгодишниот пензионер ставил голем магнет на бројачот за гас.

Тој значително ја забавил работата на мерниот уред и не ја покажувал вистинската потрошувачка на гас.

притисни ентер