Новак Ал- Ѓоковиќ се јави од Доха (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на светот , Новак Ѓоковиќ ја отвора новата сезона на првиот ден на Новата година на турнир во Доха.

Ѓоковиќ ќе настапи на Qatar Exxon Mobile Open во Доха , каде во првотиот коло ќе игра против дамир Џумхур , на турнирот , кој два пати во кариерата успеал да го освои.

,,Селам алејкум и мерхаба. Се чуствувам одлично вака облечен, иако ми е прв пат. Ова е Новак Ал- Ѓоковиќ и ви се јавувам од Доха. Ви праќам поздрави на сите и се надевам дека ќес е видиме на овој турнир.” рече Ѓоковиќ облечен во традиционална арапска облека.

Ѓоковиќ подобар од Цонга за пласман во 3 коло на Австралија опен

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без многу мака се избори за пласман во 3 коло на Грен слемот во Мелбурн Австралија опен.

Ѓоковиќ со максимални 3-0 по сетови 6-3, 7-5 и 6-4 го совлада  некогашниот финалист на турнирот во Мелбурн , Французинот Жо Вилфред Цонга.

Во репризата на финалето во Мелбурн од 2008 година , Ѓоковиќ со сигурна игра славеше лесна победа над искусниот Цонга за пласман во шеснаесетина финалето на Отвореното првенство на Австралија.  

Следен противник на Ѓоковиќ  на Грен слемот во Мелбурн ќе биде Канаѓанецот Денис Шаповалов.

19-годишниот Шаповалов во моментов е 27 тенисер во светот, тој во 2 коло беше подобар од Јапонецот Тара Даниел во три сета.

Тенисерката повторно на мета на критики поради изборот на облеката (фото)

Многумина негативно го коментираа изданието на Серена на терените во Мелбурн.

Американската тенисерка Серена Вилијамс повторно го привлече вниманието со изборот на облека на тенискиот терен.

После првиот меч на Австралија опен, наместо нејзината победа, повеќе внимание на социјалните мрежи привлекоа нејзиниот комбинезон и мрежестите чорапи кои ги носеше.

Модната комбинација која е посебно изработена за 37 годишната тенисерка предизвика лавина негативни коментари на Твитер.

Foto: Getty
 

СП Ракомет: Македонија – Исланд директна пресметка за место меѓу 12- те најдобри на Мундијалот

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во Минхен го игра  мечот на одлука за место во главната фаза на Светскиот шампионат против секогаш незгодниот тим на Исланд.

По вчерашниот дебакл  од 21-32 од европскиот шампион Шпанија, во кој видовме две сосема спротивни издание на црвено жолтите, маестрално прво и очајно второ полувреме избраниците на Раул Гонзалес  вечерва против  упорните и борбени ракометари од Исланд се без право на грешка ако сакаат да се пласираат меѓу 12- те најдобри селекции на Светскиот шампионат.

Во последните 25 минути од вчерашниот дуел селекторот Гонзалес одлучи да ги одмори нашите најдобри и најискусни репрезентативци и да ги сочува за денешниот меч на одлука.

Македонскиот национален тим одиграл  неколку  вакви одлучувачки натпревари против Исланд , во три од нив славел победи кои ни обезбедиле пласман на големи натпреварување.

Вечерва црвено жолтите  мораат  повторно да победат ако сакаме да се пласираме во главната мундијалска рунда, бидејќи пред стартот на  натпреварот во Олимпија Хале во Минхен  Исланд и Македонија имаат идентичен број на бодови 4, но нашиот противник има многу подобра гол разлика од +11 , а ние -6.

Победникот на дербито во Минхен сигурно ќе го решава играта во одбрана, само со издание слично на она од првото полувреме против „црвената фурија“ нашата најдобра репрезентација ќе има шанса за голем триумф.

притисни ентер