Идната година Македонија ќе се фокусира на привлекување романски, германски и шпански туристи

Македонија има одлични угостители, препознатлива храна и добар кадар, но тоа треба добро да го спакува, да го патентира и да го промовира преку квалитетна маркетинг стратегија.

Неопходно е да разработи и т.н. турзам кој ги продолжува сезоните, посебно во Скопје. Главниот град би можел да биде конгресен центар што ќе придонесе за продолжување на престојот на гостите, порачаа учесниците на денешниот форум во Стопанската комора.

Според нив, за постигнување резултати се неопходни инвестиции, но уште поважни се иновациите. Притоа, не треба да се чека се од државата, во промоцијата на земјата може да придонесат и граѓаните преку социјалните мрежи (инстаграм, фејсбук), но нужно е и поголема ажурност на приватниот сектор.

-Секој граѓанин на Македонија ја претставува Македонија преку она што ние го гледаме во другите земји, потенцираа словенечките експерти.

Оценка на Вука Булатовиќ, сопственик на туристичката агенција „Експлорер" од Црна Гора, е дека Македонија заслужува вистински производ кој ќе ја позиционира меѓу високорастечките економии.

-Македонија бележи пораст на туристите, но мора да се детектира од каде доаѓа порастот, во кои делови се бележи и кои се содржините што ги привлекуваат туристите. Винскиот туризам е во подем, во подем се туристите кои го посетуваат Скопје, но се тоа треба дателано да се провери и да се вметне во стратегијата за 2019-2024 година. Имаме предвид дека е потребно Скопје да биде конгресен центар и дека тоа е една од приоритетните, основни содржини што ќе придонесе за поголем број посетители. За жал, во радиус од 250 километри и повеќе не постои поголем конгерсен центар од оној во Белград, истакна Александар Богоевски од Град Скопје.

Министерството за економија најавува подобрување на регулативата согласно новите трендови, а ќе треба, како што рече државниот секретар Зоран Павловски, да се размислува и за финансиска гилотина во туризмот. Нови над 20 мерки се очекуваат да го раздвижат секторот. Алтерантивниот, адреналинскиот, руралниот и пештерскиот туризам, ќе бидат дел од формите што ќе се развиваат. Проценките се дека туризмот до 2020 година ќе достигне над четири проценти од БДП, а потенцијалот е десет отсто.

-Новата ревидирана стратегија со акциски планови до 2020 година е веќе завршена и е во владина процедура. Со поддршка на Светска банка се работи на долгорочна стратегија за одржлив туризам до 2030 година. Во 2019-та предвидуваме нови мерки, но и продолжување на субвенциите за граѓаните, информира државниот секретар, нагласи Павловски.

Тој не можеше да прецизира колкава финансиска поддршка е одвоена за туризмот во 2019 година.

Според директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, програмските цели за 2018 година се исполнети. Промоцијата на Македонија во странските земји е успешна.

– Во 2019 година Македонија ќе се потруди да отвори нови пазари, романскиот, германскиот и шпанскиот, но нема да заостанат и традиционалните, како и оние како полскиот, што се во подем. Договорени се веќе аранжмани со Турција за 2019 и 2020 година. Со сигурност можам да кажам дека 2019 година ќе има зголемување на продадените пакети за турските туристи. Тие прекратко се задржуваат тука, 1,6 дена. Потребно е да се задржат повеќе, токму продавањето на аранжамните и директните чартер линии ќе го овозможат тоа, рече Јаневски.

Еден од заклучоците на форумот беше дека земјите од регионот треба да креираат заеднички производ со кој ќе бидат конкурентни на далечните пазари како САД, Австралија, Кина,… Тоа е голема шанса зашто ниту еден гостин од далечен пазар не доаѓа на неколку денови, туку на повеќе од 20 дена.

Во однос на искуствата, беше посочено дека Црна Гора е фокусирана на висококвалитетен туризам со отворени преку 40 хотели со 4+ и пет ѕвезди и полека од црногорското приморје се сели на планински туризам, додека Словенија е дефинирана како зелена дестинација на активен, здрав туризам кој вклучува термални бањи. Нема многу хотели како Црна Гора, но форсира т.н. луксузен туризам со максимално почитување на природата – поставување шатори, дрвени куќички,…

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер