Каракачанов: Македонците да се освестат и да станат нормален народ

Не сакам да бидам запаметен како глупак во историјата кој што тргнал со добра намера да помогне на еден народ, но од македонска страна имаат обичај да тресат.

Треба да се осветат и да станат нормален народ, да не кажам добри Бугари ,, изјави Красимир Каракачанов министерот за одбрана и вицепремиер на Бугарија во неделна емисија на бугарското национално радио пренесуваат бугарските медиум .

Тој за напишаниот статус со кој вчера му се се обраќа на премиерот Заев да не ја злоупотребува темата со македонскиот јазик и дека тоа ќе го чини ЕУ и НАТО вели дека реагирал не само како претседател на ВМРО туку и како човек кој активно работел да се случи договорот меѓу Македонија и Бугарија. Според него Македонија треба да ја коригира својата политика и во однос на историјата која според него е фалшлива , а и тоа што се учи во училиштата за Каракачанов е со антибуграски дух .

Тој вчера меѓу другото реагираше и за новото име согласно Преспанскиот договор.

,,Северна Македонија е географско именување што вклучува и територии од Република Бугарија. Заев утре може да посака целосно идентичен бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик кај нас. Тоа е недозволиво. Тоа е провокација”, вели Каракачанов.

Вчера македонското министерство за надворешни работи за канал 5 испрати реакција за ставовите на Каракачанов кое го пренесоа бугарските медиуми.

Изјавата е извонредна прилика за сличен контра - одговор и создавање на врзан негативен круг што ќе не’ оддалечи едни од други и ќе создава непријателство, наместо пријателства .Потпишавме договор за пријателство и ќе градиме пријателство, но тоа подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот, се вели во соопштението на МНР.

Поранешниот амбасадор во Виена и Берлин ,Ѓорѓи Филипов вели дека изјавата на Каракачанов има за цел да ја зајакне неговата позиција и позицијата на партијата што ја предводи .Тој смета дека ова нема да наштети на македонската позиција

„ Вакви и слични коментари како она со поранешниот министер на Грција ќе има и понатаму и тоа не треба да биде закана за имплементацијата на првиот и вториот договор и со Бугарија и со Грција“ – изјави поранешниот амбасадор во Виена и Берлин ,Ѓорѓи Филипов.

Изјавата на Заев околу македонскиот јазик и негово изучување во Грција претходно предизвика реакции и во Грција, при што поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, рече дека да бил сè уште министер „ќе го потегнел за уши на сите начини, и од НАТО, од Европската унија и од Нимиц“.

Шилегов: Очекувам дека ќе добиеме добро и квалитетно решение за заштита на Водно

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека лично се залага за носење законско решение на целиот комплекс, не само на Водно, туку и Матка со цел, како што рече, нивото на заштита да биде што е можно поголемо.

Одговорајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека цело време се во разговори со граѓанските асоцијации и со Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Нашиот начин на функционирање е така. Можеби е малку демократијата поспора, но, верувајте ми дека е многу битно да го чуете гласот на граѓаните, отколку автономно да ги донесете било кои од одлуките. Инклузивен е процесот, во тек е процесот, сите инволвирани страни се внатре вклучени и очекувам дека ќе добиеме добро и квалитетно решение за заштита на Водно, изјави Шилегов. Додаде дека инсистира тоа да биде законско решение.

Шпанската полиција влезе во клупските простории на Барселона - упасен Бартомеу

Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Барселона, Жосеп Марија Бартомеу е приведен денеска на стадионот „Камп Ноу“.

Покрај него, полицијатa ги упасила и поранешниот извршен директор Oскар Грау, одговoрниот за правни услуги Роман Понти, како и советници на поранешниот претседател на Барселона.

Шпанските медиуми пренесуваат дека дека операцијата е поврзана со минатогодишниот „Барсагејт“, во кој клупските официјални лица беа обвинети за кампањата на критики кон сегашни и поранешни играчи кои беа критични кон клубот и тогашното раководство под Бартомеу.

Тогашните челници на клубот изнајмија компанија која имаше за цел да го поправи имиџот на клубот во јавноста, а таа компанија создаде неколку лажни налози на социјалните мрежи, кои подоцна како задача имаа да ги клеветат опозиционерите во рамки на менаџментот на Барселона.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 419 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 419 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 65 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 75, во ковид центарот во Гостивар 6, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациент, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 42, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 682 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Министерство за здравство

притисни ентер