Скандал: Ѕвездите на Арсенал издрогирани (ВИДЕО)

,,Хeпи крек” или дрогата за смеење е името на стимулансот со азотен оксид , што предизвикува еуфорично расположение , а популарно е на елитните забави.

На оваа дрога не можеа да и одолеат ниту ѕвездите на Арсенал и тоа Александар Лаказет, Матео Гвендузи, Сеад Колашинац, Месут Озил и Пиер-Емерик Убамејанг. Тие во ексклузивен ноќен клуб во Лондон се снимени како инхалираат ,,хепи крек”.

Фотографиите биле направени во август , на неколку дена пред почетокот на првенството, објави Таблоидот Сан , кој сега ги објави снимките со напомена дека неколкумина од играчите изггубиле свест по конзумирањето на дрогата.

Се наведува дека на забавата имало 70 гости, кои на вино , вотка и дрога потрошиле околу 25 000 фунти. Дрогата сепак , не е наивна .

Може да предизвика срцев удар и смрт во случај на предозирање.

Пепе од својот џеб им поделил плата на готвачите и си заминал од Бешикташ

Искусниот португалски фудбалер Пепе ја прекина соработката со турскиот гигант Бешикташ поради финансиските проблеми кој ги има клубот од Истанбул.

Иако во јавноста за него се вели дека е „валкан фудбалер“ Пепе пред да си замине од Турција покажа дека сепак е голем човек.

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид пред заминувањето на сите вработени во клубот од Истанбул, како што се готвачите, луѓето задолжени за одржување на теренот, економот ... им поделил плата од својот џеб.

Според шпанска „Марка“ Бешикташ веќе не бил во можност да плаќа големи договори поради што и Пепе го напуштил клубот.

Мохамед Салах и годинава Најдобар фудбалер на Африка

Напаѓачот на англискиот премиерлигашЛиверпул Мохамед Салах втора година по ред ја освои наградата во анкетата на „BBC“ за најдобар фудбалер на Африка.

Египетскиот репрезентативец собра најголем број на гласови и беше подобар од  соиграч во Ливерпул, Сенегалецот Садио Мане, како и од Мехди Бенатиа (Јувентус / Мароко) Калиду Кулибали (Сенегал /Наполи) и Томас Парти (Атлетико Мадрид / Гана).

Минатата сезона Мохамед Салах постигна 44 гола за Ливерпул во сите натпреварувања и стигна со Ливерпул до финалето во Лигата на Шампионите. Потоа учествуваше со „фараоните” на Светското првенство во Русија, а од почетокот на оваа сезона има 13 погодоци за „црвените” во сите натпреварувања.

Кличко сака да се врати во рингот: Ќе победам секого во тешка категорија

Поранешниот светски првак во бокс во тешка категорија , Владимир Кличко , размислува да се врати во рингот , откако во април минатата година стави крај на кариерата.

Украинскиот боксер , кој успешно ја бранеше титулата цели десет години , се прости од рингот по поразот со технички нокаут од Ентони Џошуа , кој исто така се пензионира. Кличко на Џошуа му патил порака во која напишал.

,, Сакам да се вратам. Се чувствувам дека можам да го победам секого кој се бори во тешка категорија.” 42 – годишниот Кличко до сега имал неколку повици да се врати во рингот , но ги одбивал.

За неговата желба за враќање се уште нема официјална потврда.

притисни ентер