ВМРО-ДПМНЕ : Сведочењата за 27 април се нарачани за да се компромитира партијата

СДСМ тоне во криминал, а мафијашкото делување е единствениот принцип во партијата, реагираат од ВМРО - ДПМНЕ.

Нарачани политички изјави од лица обвинети за сериозни дела за Зоран Заев имаат поголемо значење, отколку сведоштвата на Стојан Андов кој директно го посочи Љубомир Фрчкоски како инволвиран во атентатот на Киро Глигоров.

Зоран Заев, исто како и „Кацарска судството" и „Рускоска обвинителството’ молчат околу новите наводи за атентатот врз Претседателот Киро Глигоров. Ниту атентат ги интересира, ниту обврската кон семејството на покојниот Претседател Киро Глигоров ги интересира, иако и најблиските и целата јавност имаат право да ја дознаат вистината околу хаосот и црнилата што и пред 24 години ги донесе СДСМ.

Не ги интересира ниту сведочењето на поранешниот Претседател на Собранието Стојан Андов, ниту исказите на еминентниот новинар Љубомир Гајдов. За аболицираниот криминалец Зоран Заев, Стојан Андов е неколку нивоа под Александар Василевски викан Нинџа.

За Зоран Заев, СДСМ, „Кацарска судството" и „Рускоска обвинителството", Стојан Андов и неговото сведочење имаат помал кредибилитет отколку нарачаното сведочење на Василевски – Нинџа.

Ете тоа е СДСМ денеска. Мафијашка партија со мафијашки вредности.

Покрај нарачани обвиненија, нарачани пресуди и нарачани службени белешки, аболицираниот Заев сега си нарача и сведочења со кои што сака да спроведе план за компромитирање на ВМРО ДПМНЕ и финален удар врз партијата. Заев се лаже доколку мисли дека со притисоци, злоупотреби на институциите и удбашки конструкции ќе ја клекне на колена партијата, а преку ВМРО ДПМНЕ и Македонија и македонскиот народ.

МВР со детали за вчерашното убиство на маж во Рашче

МВР излезе со детали во врска со убиството на мажот во скопското село Рашче , отакако вчеравече обвинителството објави дека неговото тело е однесено на обдукција.

Вчера околу 15 часот на влез во с. Рашче-Скопје, додека Ш.Џ. (69) од с.Сарај-Скопје, се движел со патничко моторно возило „Голф 3“ со скопски регистарски ознаки, кон него било пукано од патничко моторно возило при што Ш.Џ. починал на местото на настанот.

Извршен е увид од страна на Јавен обвинител  и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Пендаровски во посета на Марков Манастир: Само со меѓусебно почитување може да изградиме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите

По повод христијанскиот празник Велики петок, кандидатот за претседател Стево Пендаровски заедно со семејството беше во посета на Марков манастир во населеното место Маркова сушица. 

При посетата, Пендаровски упати порака на помирување, заедништво и благосостојба во велигеднските денови што претстојат.

- Во овие денови кога сме препуштени на духовниот мир и личниот спокој, да испратиме порака дека толеренацијата, пријателството, меѓусебното почитување и помагање не се само христијански, туку и универзални човечки вредности. Само со почитување на овие вредности и денеска и секој ден во годината, може да создадеме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите. Само ако меѓусебно се помагаме и разбираме можеме да одиме заедно напред кон подобра иднина за нас и за следните генерации, порача Пендаровски.

Дваесетгодишни момчиња од Шуто Оризари фатени како шверцуваат мигранти

Во близина на ТЕЦ Неготино , полицијата , по потера со автомобили , уапсила двајца 20 годишни жители од скопската населба Шуто Оризари како шверцуваат четворица мигранти од Авганистан.

Вчера попладне во 17:20 часот од страна на униформирани полициски службеници  од Полициската станица Неготино и униформирани полициски службеници  од полициската станица за граничен надзор Михајлово, кај с.Миравци на автопатот Демир Капија-Неготино, било забележано патничко моторно возило „Фиат браво“, управувано од И.Е. (20) од нас. Шуто Оризари-Скопје, а во кое се превезувале мигранти.

Полициските службеници се упатиле по возилото, но И.Е. наместо да застане, ја зголемил брзината. Во близина на ТЕЦ-Неготино, И.Е. излетал од коловозот.

Возачот и совозачот Ф.Р. (20) од Скопје се обиделе да избегаат, но од страна на полициски службеници  се приведени. Во возилото биле затекнати четири лица од Авганистан.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува цво соопштението од МВР.

притисни ентер