Кевин Харт се откажa од водење на Оскарите поради контроверзните твитови

Само два дена откако беше најавено дека Кевин Харт ќе биде водител на претстојната вечер на Оскарите, тој беше приморан да се откаже од водење на гала-вечерта.

Само два дена откако беше најавено дека Кевин Харт ќе биде водител на претстојната вечер на Оскарите, тој беше приморан да се откаже од водење на гала-вечерта поради негативните реакции од публиката, која го осуди поради неговите контроверзни твитови од пред неколку години.

Денеска комичарот на неговиот Twitter профил објави извинување за неговите „бесчуствителни зборови“ и реши да отстапи од улогата на водител на Оскарите.

 

„Донесов одлука да се откажам од водење на Оскарите оваа година. Го правам ова за да не претставувам дистракција на вечерта која ќе биде исполнета со многу неверојатни и талентирани артисти. Искрено ѝ се извинувам на ЛГБТК заедницата за бесчуствителните зборови од моето минато“, напиша Харт.

Пред да се обрати на Twitter, Кевин Харт преку видео на Instagram рече дека Академијата го повикала да се извини бидејќи во спротивно ќе му ја одземат водителската улога на Оскарите. Тој додаде дека одбива да се извини поради тоа што темата веќе неколкупати досега е споменувана и сите знаат дека тој поминал низ овој процес, како и дека сега е друг човек во споредба со старите денови кога се напишани тие твитови.

 

„Без разлика, благодарен сум на Академијата за укажаната шанса. Не е страшно ако вечерта помине без моето присуство“, рече Кевин Харт.

На Академијата останува да го пронајде новиот водител на Оскарите, а неговото име веројатно ќе биде објавено до крајот на наредната недела.

Преубавата манекенка ги воодушеви своите фанови

Таа се прослави како заштитно лице на познатиот бренд  „Викторија Сикрет“

Преубавата манекенка Роми Стријд ги воодушеви своите фанови ширум светот со новите атрактивни фотографии. Оваа убавица од ден во ден станува се повеќе популарна. Дефинитивно никој не може да остане рамнодушен на нејзината убавина.

Крај за „McLaren 600LT“ после една година произведување

Како што најавија од компанијата „McLaren“ после една година е окончано производството на моделот „600LT“ и на тој начин го прават овој модел уште по ексклузивен.

Последните примероци од овој модел го напуштија погонот за производство и со тоа „McLaren“ заврши уште еден успешен дел од својата историја.

Видео: Најдолгиот зиплајн на светот

На планината Јебел Јаис во Обединетите Арапски Емирати, се наоѓа најдолгиот зиплајн на светот. Долг е скоро три километри.

На овој зиплајн можете да достигнете брзина од дури 170 Км/ч, погледнете во видеото како тоа изгледа во пракса.

притисни ентер