Втора јавна дискусија за нацрт-амандманите на Уставот

На првата јавна дебата за четирите нацрт-уставни амандмани во Владата на Република Македонија беа презентирани повеќе предлози и забелешки од страна на експертите од научната јавност и невладиниот сектор.

Премиерот Зоран Заев истакна дека постои отвореност и позитивни размислувања за прифаќање на одредени предлози изнесени на собраниската Комисија и на пленараната седница. Повтори дека амандманите нема да станат дел од Уставот доколку Грција не го усвои Договорот од Преспа и Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО.

Денеска тој ќе се обрати на втората од петте јавни дискусии за уставните измени. Дискусијата ќе се одржи на Универзитетот ФОН, каде говорници ќе бидат и ректорот на Универзитетот Нано Ружин и универзитетскиот професор Темелко Ристовски, додека дискусијата ќе ја отвори и воведе деканката на Правниот факултет, Сејдефа Џафче.

Во нацрт – амандманите, како што потсети синоќа Заев, се вградени предлози на осумтемина пратеници и посочи на одлуката уставните измени да стапат на сила само доколку Грција ги ратификува Договорот од Преспа и Протоколот за наше членство во НАТО.

-Ние треба да побараме како Република Северна Македонија од грчката страна ратификација на протоколот од НАТО оти така е опишано во самиот договор, а во суштина ние ќе бидеме Република Северна Македонија за меѓународна употреба откако Грција ќе го ратификува и Договорот и Протоколот од НАТО, рече Заев.

Грција мора, истакна тој, во ист ден или заедно паралелно да ги ратификува конечната Спогодба за решавање на спорот со името и протоколот за нашето членство во НАТО.

-Ова секако е дополнителна заштита за нас. Секако доколку Грција не ги исполни своите обврски тогаш нема да важат измените на Уставот односно нема да стапат на сила и автоматски ќе се поништат, рече Заев.

Според Заев се повеќе граѓани го прифаќаат овој процес, но треба да им се објасни што после промената на името.

-Во овој процес нашиот народ се повеќе и повеќе се охрабрува во поддршка на преспанскиот договор и рефлексијата од самиот договор односно процедурите коишто се случуваат во Парламентот, рече премиерот.

Професорот Љубомир Фрчкоски смета дека амандманите не ја загрозуваат граѓанската основа на државата, дека се прифатливи од аспект на идентитетските прашања и дека притоа некои делови се зајакнуваат дури и кога се споменуваат други етнички заедници, како и дека решенијата се во рамки на уставно-правните стандарди.

– Ако се остави зборот Македонија во членот 36, тоа има консеквенци, рече професорот додавајќи дека можеби треба да се размисли за терминот национално ослободителни војни за независна македонска држава.

Во однос на Преамбулата, според Фрчкоски, дилемата останува дали да остане само да се наведе Прогласот, бидејќи тој на некој начин го опфаќа Манифестот, или да се оди на конкретно набројување на документите, што би биле екстензивно, но можеби треба да се расправа.

– Но не може да се реферира во Преамбулата на Уставот од 1991 година. За прашањето како ќе биде ставен Охридскиот рамковен договор, не е спорно дека тој конститутивно го менува политичкиот систем и го зацврстува, тој треба да биде ставен, но како, прашува професорот. Според него, треба да се раздвои реченицата на историските конститутивни акти, и временски се случува по Уставот од 1991 година.

Фрчкоски во однос на амандманот 36 предложи првиот став да гласи: Републиката да го штити и гарантира идентитетот и негува историското и културното наследство на македонскиот народ. Во третиот став да стои: Републиката се грижи за дијаспората...Се знае, вели тој, што е дијаспора.

Професорот Владо Поповски изнесе свој предлог на Преамбулата на Уставот.

– Мислам дека треба да се задржи од претходната пристапот: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ" бидејќи на таа основа укажуваме на еден битен факт дека граѓаните на Република Македонија, поединечно како историски субјект не се националниот државотворен субјект на македонската држава, туку тие граѓани секогаш се јавуваат здружено преку одредени организации водства и се јавуваат како колективен субјекти кој се бори за своја држава, рече професорот Поповски.

Тој во целост го презентираше својот предлог (амандман 33): Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои се дел албанскиот народ, турскиот народ, српскиот народ, влашкиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на заедничката татковина, еднакви во своите права и одговорни според идните генерации во согласност со традициите на Крушевскиот манифест и Крушевската Република и со решенијата на АСНОМ за негово прогласување за врховно, законодвано, извршно, народно, претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија...

На дебатата учествуваат пратеници, претставници на научната јавност, граѓански организации, новинари...Произлегоа дилеми во однос на прашањата дали треба да стои дијаспора или не, дали и Преспанскиот договор треба да стои во измените или, пак, дури и на Охридскиот рамковен договор да му се најде друго место во Уставот...Беа изнесени забелешки за членот 36, кој според професорот Гордан Калајџиев непотребно може да создаде правна конфузија. Професорот Блерим Река укажа дека е потребно да се затворат овие процеси поради политичките процеси и изборите во Грција следната година. Според, Ѓорги Спасов со јавната дебата треба да се растера стравот кај граѓаните и тие да се убедат дека имаме добар договор и дека амандманите не се ништо друго туку она што е договорено со Грција.

Третата дебата ќе се одржи во петок во МАНУ, а во понеделник уште две во Штип и Тетово.

Процесот на уставните измени треба да заврши со усвојување на предложените амандмани после јавната дискусија и со одлука за измена на Уставот што ќе ја донесе Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници. На последната пленарна седница амандмани на нацрт – амандманите имаат право да поднесуваат и пратениците. /МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер