Контроверзен план за спас на Земјата – прскање хемикалии од авион

Научниците од универзитетите Харвард и Јеил објавија студија во која објаснуваат нова метода за ладење на Земјата , со што би се намалило натамошното загревање.

Истражувачкиот тим својата работа ја објави во научното списание Environmental Research Letters, каде објаснуваат дека станува збор за релативно едноставна метода. Така , со специјално дизајнирани авиони , кои би летале на двојно поголема височина отколку на пример Бонг 747 , би стигнале до стратосферата и би прскале со сулфурен диоксид. Тогаш би се создало г.обално помрачување , бидејќи соединението би ги одбивало сончевите зраци како еден вид огледало.

Вакавата постапка би требало да трае во наредните 15 години и би чинела 2,25 милијарди долари годишно. Најголем трошок би била изработката на авион , со кој би можело да се пренесува големо количество од хемикалијата на височина од најмалку 30 000 метри. Ваквиот проект го поздравија врвните климатолози и научници од другите универзитети. Сепак , авторите велат дека со овој прокет може да се забави загревањето на Земјата , но не и да се врати наеднаш состојбата како што било претходно.

Професорот Веик Смит од универзитетот Јеил вели дека доколку се прска хемикалијата на 17 000 метри , на висина на која лета просечниот Боинг 747 , тогаш обичен дожд ќе ја испере , а освен тоа ќе делува гравитацијата.

Но , доколку се прска на двојно поголема височина , тогаш слојот што ќе ја одбива светлината на Сонцето би траел година до година и пол, со што би се дошло до ладење на планетата.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

притисни ентер