Нов Владика на МПЦ-ОА е Епископот Полјански Јаков

Во манастирската црква „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици" во Струмица вечерва се одржа наречение на новоизбраниот Епископ Полјански г. Јаков.

Радосната вест пред верниците ја соопшти Светиот археирејски синод на чело со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, со што одлуката беше потврдена пред црквата и народот.

Со одржување на наречението и воведувањето на новиот владика за нов член на Светиот синод и заедничко причестување со вино и леб, новиот владика седна на заедничка маса со другите браќа.

Пред голем број верници одлуката на Светиот синод за наречение на новоизбраниот Епископ Полјански Јаков, ја прочита поглаварот Стефан, а заедно со останатите владици ја водеше церемонијата на наречението на новиот Епископ на Светиот синод на МПЦ-ОА.

Епископот Полјански Јаков е досегашен старешина во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј", во Ново Село,Струмичко и тој новиот, тринаесетти, владика во Синодот.

Тој сега ја носи титулата Епископ Полјански и во иднина ќе биде викарен епископ на Митрополитот струмички господин Наум.

Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА е донесена на 29 септември оваа година, а чинот на хиротонија или ракополагањето ќе се случи утре на соборот на епископите, кој ќе се одржи во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и Свети Леонтиј во Водоча". Тука поглаварот на МПЦ г.г. Стефан заедно со членовите на синодот ќе отслужи и Божествена литургија на која ќе се изврши хиротонијата на новоизбраниот епископ Полјански Јаков.

Новиот владика е роден на 23 ноември 1983 година во Куманово. Во 2004 доаѓа во Струмица како искушеник, а следната година се замонашил. Дипломирал на теолошкиот факултет во Скопје оваа година. Цели осум години е старешина на манастирското братство во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј", во Ново Село. /МИА

Пентагон откри за што ќе ги користи Украина моќните ракети ATACMS- Крим е на удар

Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност.

Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.

Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.

Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на Белата куќа, претходно ја потврди испораката на овие проектили без да прецизира дали тие се модифицирани или имаат зголемен дострел.

Украинските сили веќе употребија ATACMS, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека е извршен напад врз воздухопловната база Јанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.

Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети ATACMS во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина може да користи американски ракети за да го уништи мостот Ким, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.

Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.

- Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука - изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.

Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.

Тиктокерка тврди дека не ја вработиле во продавница поради тетоважите (ВИДЕО)

Тиктокерка под корисничко име @ashxobrien објави видео на таа социјална мрежа во кое раскажува како се пријавила за работа во продавница, но била одбиена. Потоа побарала од нив објаснување.

„Не можеа ни да ми се јават, само ми испратија мејл. Отидов кај нив и прашав зошто ме одбија. Жената со која разговарав ми рече дека немам доволно искуство во споредба со другите кои аплицирале“, рече таа. Сепак, смета дека тоа не била причината, туку дека има многу видливи тетоважи.

"Прашав дали моите тетоважи им пречат затоа што знам дека тоа е често проблем. Таа ми рече дека тоа не е причината. Мислам дека лажеше, но што и да е. Тоа не значи дека не сум добар работник ако имам тетоважи. “, додаде таа во видеото, прегледано 8,5 милиони пати. Таа се прашува како младите без искуство би можеле да се вработат, ако во нејзиниот случај тоа е причината за одбивањето.

@ashxobrien I want to know who is also having a hard time finding a job right now! #jobs #jobmarket ♬ original sound - Ash🖤

Видеото на крајот предизвика многу коментари.

„Работам во HR и можам да ви кажам дека ниту еден работодавец не би ви дозволил да работите со луѓе со толку многу тетоважи“, „Мислам дека мора да е поради тетоважите“, „Проблемот не е во тоа што имате тетоважи, туку што тие се навистина на места што не можеш да ги скриеш“, „Не знам што не разбираш“, „Не се чуди“, „Вака не можеш да работиш во продавница“, напишаа нејзините следбеници.

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди!

Денеска, 26 април, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори беше во Крушево.

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова порача:

Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја, тие сведочат дека во нив илинденците мислеле, правеле планови за Македонија. Крушево треба да биде метропола на културата.

Вие Крушевчани има на што да сте горди и вие заслужувате самопочит! Не заборавјате, ако не се самопочитуваме никој нема да не почитува. Мора да го вратиме животот во Крушево, тука има шанси за опстанок.

Ви ветувам дека ќе се опкружам со луѓе од знаење. Но и ви ветувам дека секогаш ќе бидам блиску до вас. Како? Преку народните канцеларии. Народните канцеларии за првпат ги примени поранешниот претседател, господинот Иванов. Мислам дека требаше да останат. Токму преку народните канцеларии јас ќе имам можност честопати да доаѓам овде, да ве видам и да видам на што сте се покажлиле, што сте предложиле. Понатаму, во зависност од тоа дали сметаат граѓаните дека треба нешто да се промени ќе правам список на приоритети кои ќе ги реализирам. Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради вас, не поради себе.

Крушево е жив културен споменик. Искористете ги луѓето кои уште во меморијата го имаат она што ние го забораваме. Кога ќе се грижиме за споменот на Тоше, кога ќе им оддаваме почит на партизаните, кога нема да ги заборавиме Карев, Питу и останатите, тогаш ќе бидеме горди на Македонија!

Во рамките на денешните активности, професорката Гордана Сиљановска-Давкова на Гумење оддаде почит на гробовите на Питу Гули и партизаните, како и на гробот Тоше Проески, а исто така ја посети и Спомен куќата посветена на него и споменикот Македониум. Во текот на денот, професорката имаше можност и да ги види изложените ракотворби изработени од здруженијата на жени на Крушево, а исто така и да оствари повеќе средби со граѓаните, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

притисни ентер