МакедонијаПритвор од 30 дена за Јанакиески и Божиновски Мерка притвор од 30 дена им е определен на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, соопшти утринава Основниот суд Скопје 1.– Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителствот за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за определување мерки за обезбедување присуство против М.Ј. и К.Б. опфатени во предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник", по ценење на фактите и доказите во предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 точка 1. од ЗКП односно „ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението. Јанакиески и Божиновски рано утринава се приведени и однесени во затворот во Шутка. Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде побара политички азил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Шоу бизМадона го прослави роденденот во село на Крф: Кршеше чинии со звуците на бузуки (ВИДЕО)Американската поп-ѕвезда Мадона го прослави својот 68-ми роденден во селото Курамадес на грчкиот остров Крф, а селските улици беа привремено затворени за таа пригода.Таа и нејзиното семејство и пријателите вечераа во традиционална таверна со ребетико музика и грчки специјалитети, до кои пристигнаа во црни комбиња со обезбедување, објавува Прототема. View this post on Instagram A post shared by Madonna (@madonna) Според локалните жители, од жителите било побарано да ги затворат прозорците на своите куќи за да се обезбеди приватноста на пејачката, додека во селото било распоредено и полициско обезбедување. Мадона седеше во градината на ресторанот, а во текот на вечерта беше изведена песната „О пио калос о матитис“ од Јоргос Замбетас, додека прославата беше завршена со традиционално кршење чинии, пренесе Мирор. View this post on Instagram A post shared by Robert Xavier Venegas (@robertxavier) Пред вечерата, Мадона планирала да ја посети црквата „Пресвета Богородица“ во Курамадес, која била отворена специјално за неа, но поради големиот број луѓе собрани во селото, пејачката ја откажала посетата и решила да остане само за роденденската вечера. Madonna in Kouramades, Corfu in a small local traditional tavern where the band plays happy birthday for her ❤️ pic.twitter.com/dMFwrFoN30 — Madonna Ultimate (@MadonnaUltimate) August 17, 2026 Неколку дена пред нејзиниот роденден, Мадона престојувала во Метеора, каде што пристигнала со хеликоптер од Крф со група од околу 12 лица, меѓу кои и нејзиниот син и 30-годишниот партнер. За време на тричасовната посета, таа го посетила манастирот Варлаам, кој бил отворен исклучиво за нив, и разговарала со игуменот Бенедикт, од кого, според монахот, побарала духовен совет и се распрашала за бројаницата што ја држел во рака.Тагови: Мадона Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРасчистени две кривични дела „измама “, откриени се сторителитеСледува соодветна пријава.Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР Охрид и СВР Велес преземаа мерки и активности и расчистија две кривични дела „измама“ извршени во Охрид и Струга, при што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 5.500 евра. Имено, по преземени мерки утврдено е дека сторители се лицата А.С. и Д.С., двајцата од Велес, по што денеска (19.08.2026), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Велес, со судска наредба, извршија претрес во нивниот дом во Велес, при што се пронајдени и одземени повеќе лажни банкноти во евра во различни апоени, српски динари и повеќе златници со жолтеникава боја налик на злато, циркони, алка со циркони жолтеникава боја, алка синџир жолтеникава боја тркалезни топчиња налик на кристали повеке кутии за накит и мобилни телефони кои ги користеле за извршување на наведеното кривично дело. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКендал Џенер во црвено бикини уживаше во идиличен излет во природаМоделот Кендал Џенер објави серија фотографии од излет во природа на Инстаграм, вклучувајќи една на која позира во црвено бикини. 30-годишната Џенер беше фотографирана како седи на карпа во шумата, покрај голем водопад, а накратко ја опиша објавата со зборовите „Имам толку среќа“. Во позадината на фотографијата во костим за капење може да се види суптилно виножито. Во остатокот од објавата, Џенер позираше на отворено во плетен џемпер во крем боја, држејќи чаша црвено вино, а комбинацијата ја комплетираше со обетки, очила за сонце и голема чанта. Таа, исто така, им откри на своите следбеници што моментално чита, колекцијата „Медитации во итен случај“ од Френк О'Хара, и сподели фотографија од сцена од концерт на Крис и Моргана Стејплтон. View this post on Instagram A post shared by Kendall (@kendalljenner) Отворено за менталното здравје Џенер зборуваше во интервју за „Elle Canada“ во април за начините на кои се грижи за себе. „За мене, справувањето со анксиозноста е многу поврзано со мојата околина и мојата рутина“, рече таа. „Научив дека морам свесно да ја бирам енергијата со која се опкружувам.“ Таа, исто така, сподели неколку совети за секој што се бори со слични проблеми. „Мојот совет до секој што се бори со ова е да прави мали чекори. Пронајдете ритуал што ќе ве смири, како што е прошетка или слушање одредена плејлиста, и направете го тоа нешто од кое нема да се откажете.“ Во претходно интервју за „Vogue France“, моделот го опиша својот сегашен начин на живот како „здрав“. „Мојата дневна рутина се чувствува здрава и стабилна и многу сум благодарна за тоа“, рече таа во февруари. „Но, тоа не дојде без напор. Ден по ден, се обидувам да донесувам одлуки што се добри за моето ментално здравје, но тоа не е секогаш лесно.“ Таа додаде дека сè уште има многу тешки денови. „Редовно имам многу тешки денови кога се чувствувам како едвај да можам да ја држам главата над вода. Понекогаш може да биде многу фрустрирачко.“ Извор: Индекс.хрТагови: Кендал Џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook