Стејт департмент: Тврдењата на Москва се неразумни и лажни - Канал 5

Стејт департмент: Тврдењата на Москва се неразумни и лажни

 Американскиот Стејт департмент ги оцени како неразумни и како обид за дезинформација и пропаганда, обвинувањата на Русија дека САД се инволвирани во неодамнешното гласање во Парламентот на Република Македонија.

Стејт департмент: Тврдењата на Москва се неразумни и лажни

Гласање со кое се даде зелено светло за отпочнување со уставните измени во земјата.

– Секое тврдење дека претставници на Американската амбасада биле инволвирани во процесот на гласање во Парламентот се неразумни и лажни. САД ја поздравуваат одлуката на македонскиот Парламент да ги започне уставните промени неопходни за имплементација на Договорот од Преспа со Грција. САД веруваат дека Преспанскиот договор е историска можност за промоција на стабилност, безбедност и просперитет во целиот регион, изјавил портпарол на Стејт департментот на брифинг во Вашингтон на прашање на грчки новинар, пренесува АНА-МПА.

Стејт департментот им сугерира на оние кои сакаат да истражуваат како македонските пратеници ја донеле нивната одлука, тоа да го сторат во консултација со самите пратеници наместо со користење на руско деинформирање и пропаганда.

И Македонското МНР вчера категорично ги отфрли како целосно неосновани и невистинити наводите и квалификациите изнесени во коментарот на секторот за информирање на МНР на Руската Федерација во врска со изгласување на предлогот за пристапување кон измени на Уставот во Собрението на РМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јемен тоне во хуманитарна катастрофа

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) соопшти дека најмалку 125.000 луѓе се раселени во Јемен од почетокот на септември поради ескалацијата на непријателствата.

Јемен тоне во хуманитарна катастрофа

Според нивните податоци, бројот на цивилни жртви продолжува да расте.

„OCHA“ исто така извести дека најмалку 18.000 домаќинства биле принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на месецот и дека хуманитарните организации обезбедиле помош за илјадници домаќинства, пренесува Ал Џезира.

Канцеларијата исто така предупреди дека залихите на хуманитарна помош се на критично ниско ниво поради недоволното финансирање.

Според извештаите, движењето на хуманитарните мисии останува прекинато на неколку локации долж западниот брег на Јемен поради насилството, додека пристапот до клучните патишта е ограничен или тие се непроодни.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Салма Хајек зборува за голема животна промена по 60-от роденден

Актерката Салма Хајек и нејзиниот сопруг, Франсоа-Анри Пино, со години живееле на различни локации низ светот – од Холивуд и Лондон до Мексико – но сега се трајно преселени во Париз.

Салма Хајек зборува за голема животна промена по 60-от роденден

Хајек, која го прослави својот 60-ти роденден на почетокот на септември, зборуваше за преселбата и за ова ново поглавје од нејзиниот живот во интервју за магазинот „The Cut“, водено од нејзината пријателка и колешка, филмската авторка Анџелина Џоли.

Со нетрпение се очекува новата деценија

Салма Хајек изјави дека со нетрпение ја очекува новата деценија од животот и сè што таа носи. „Се чувствувам млада. Извинете... Всушност, не, нема да се извинувам“, рече таа. „Се чувствувам добро на оваа возраст. Денес се чувствувам подобро од кога било претходно. Тоа е чуден парадокс: како што старееме, ние жените имаме повеќе што да кажеме и знаеме како тоа појасно да го изразиме. Сепак, добиваме сè помалку можности да зборуваме. Тоа нема никаква смисла.“

Променет е и семејниот живот

Актерката се осврна и на промените во семејството сега кога децата се возрасни. „Со нетрпение очекувам да научам како да бидам тука за моите деца во оваа нова фаза од нивните животи, што значи дека треба одново да научам многу работи“, рече таа.

Хајек и Пино имаат 18-годишна ќерка, Валентина. Актерката е и маќеа на децата на Пино од претходните врски: Франсоа Џуниор (38), Матилда (25) и Огистен (19). Таа неодамна стана баба откако Франсоа Џуниор доби син. Париз сега е нивниот постојан дом.

Откако семејството се насели во Париз, Хајек поминува повеќе време со своите деца и со сопругот. „Среќна сум што мојот прекрасен однос со сопругот продолжува да се развива и што постојано откриваме нови работи еден за друг“, рече таа. „Навистина уживам во животот во Париз во моментов. Живеам во нова куќа, а мојата најстара ќерка навраќа секој ден. Уживам во фактот што таа сега е возрасна личност и што живееме во истиот град. Таа има свој стан.“

Таа објасни дека, иако порано поминувала многу време во Париз, ова е првпат навистина да живее таму постојано. „Порано често доаѓав овде, но главно за викенди. Сега сум тука постојано. Ова е сосема нов живот за мене. Децата веќе не живеат со нас; останавме само ние двајца.“

За време на разговорот, таа исто така откри дека се обидела да ја убеди Анџелина Џоли да ѝ се придружи во Париз. „За малку ќе те убедев да се преселиш овде. Размислуваше за тоа. Постојано ти велев: ’Ајде, не можеш да ме оставиш сосема сама‘. Но, ти сакаше нешто подиво“, рече Хајек.

Џоли, мајка на шест деца, одговори: „Си поминавме одлично. Ми требаше малку забава. Ме запозна во тежок период од мојот живот и успеа да ме насмееш.“

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денот на демократијата одбележан во Собранието: Денеска „гласаа“ ученици

Демократијата се учи од најрана возраст преку почитување на различните мислења, учество во носењето одлуки и активно вклучување во заедницата, беше порачано денеска на одбележувањето на меѓународниот Ден на демократијата во Собранието.

Денот на демократијата одбележан во Собранието: Денеска „гласаа“ ученици

Пратеници и ученици на дружба во Собранието. По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата во законодавниот дом присуствуваа голем број ученици од основни училишта кои одблиску се запознаа со улогата на Парламентот и демократските вредности. Во полната собраниска сала младите слушнаа пораки за почитување на различните мислења и учество во носењето одлуки уште од најмала возраст. Оној што размислува различно не е непријател на оној што размислува поинаку, порачаа пратениците.

-Демократија е кога вие во вашиот клас заеднички ќе одлучите каде сакате да одите на излет. Некој можеби ќе предложи да одите на Матка, друг ќе каже во Охрид, трет во Катланово, а класниот раководител или наставничката можеби ќе предложат Водно. Но, сите вие треба да гласате и заеднички да одлучите каде ќе одите на излет“, рече потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски.

-Демократијата не е нешто што само возразните го практикуваат, дури уште поважно е и за децата и младите, затоа што тие ја обликуваат иднината. Вие може да практикувате демократија во училиштето кога слушате различни мислења, кога соработувате за да решите проблем, кога ќе застанете на страната на некој којшто не е слушнат, изјави амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер.

На учениците им беше презентирано и едукативно видео насловено „Како Шари стана пратеник?“, по што во улога на пратеници можеа симболично да „гласаа“ дали им се допаднал видео материјалот и да го кажат своето мислење во Собрането „за“ и „против“.

Инаку, Генералното собрание на Обединетите нации во ноември 2007 година усвои резолуција за поддршка на напорите на владите да промовираат и консолидираат нова или обновена демократија“, па оттогаш во светот се одбележува Меѓународниот ден и се разгледуваат и промовираат принципите на демократијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер