МакедонијаМинистерката Царовска ја презентираше социјалната реформа пред експерти во Стразбур Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска ја презентираше реформата во социјалната и детската заштита во Македонија. Потребата од реформата како и очекуваните ефекти од нејзината примена која треба да стартува од идната година ,Царовска ја образложи пред експерти од 42 земји члнки на АД ХОК Комитетот за Роми. – Со реформата воведуваме програма за гарантиран минимален приход, што ќе овозможи финансиска поддршка за сите лица што живеат под линијата на сиромаштија. Целта на овој приход е да им обезбедиме доволно средства за подостоинствен живот, да ги вклучиме во општеството, но и да работиме на нивно оспособување за трајно вработување. Се бориме и против детската сиромаштија, бидејќи секое дете ни е важно. Воведуваме детски и образовен додаток, а право на овие надоместоци освен корисниците на гарантираниот минимален приход ќе имаат и домаќинствата со минимални приходи, рече министерката Царовска. Таа, како што соопшти Министерството, во Стразбур имаше работна средба со заменик генералната секретарка на Советот на Европа, Габриела Батаини Драгони. На состанокот се разговараше за активностите на Министерството за труд и социјална политика поврзани со интеграцијата на Ромите, како и за поголемиот дел законски регулативи во надлежност на МТСП. Батаини Драгони ги поздрави напорите што Владата на Република Македонија и министерството за труд и социјална политика ги прави за подобрување на социјалната и детската заштита и изрази поддршка за техничка помош за скрининг процесот во делот на социјалните прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСо камери во училиштата во Албанија против насилство20 училишта во Тирана се опремени со нов систем што ќе биде во останатите образовни институции во Албанија.Според премиерот Еди Рама, одлуката за воведување на интелигентните камери е донесена по трагичниот инцидент во едно училиште во Тирана, каде што малолетник го загуби животот по тепачка со врсници. „Тогашните камери не ни овозможија навреме да ја разбереме динамиката на настанот. Се обврзавме дека ќе ја подигнеме безбедноста во училиштата на највисоко технолошко ниво, а денес таа обврска почнува да се реализира“, изјави албанскиот премиер. Новиот систем, кој е дел од проектот „Smart city“, користи интелигентна технологија што овозможува автоматско препознавање на потенцијално ризични ситуации..Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСептември почна со температури до 40 степениМакедонија денеска и утре е во жолта фаза поради високите температури, а летното време ќе продолжи и во првите денови од септември. Денеска максималната температура ќе достигне до 37 степени, а високи температури се очекуваат и во среда. Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа во попладневните часови ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 21, а максималните од 31 до 37 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 37 степени.Тагови: септември Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЗаврши потерата во Црна Гора за тројниот убиец – пукал во полицијата и се самоубиРускиот државјанин Михаил Шабуњин, осомничен за тројно убиство што се случи вчера на стрелиште во близина на Даниловград, изврши самоубиство откако полицијата го пронајде и го опколи во шумата над Херцег Нови.Потерата заврши рано утрово, околу 3:35 часот, во шумата над населбата топла во Херцег Нови. Според црногорските медиуми, полициските сили го лоцирале Шабуњин, а откако се нашол опколен, тој отворил оган врз полицајците. Потоа си пукал во главата. Директорот на полициската управа на Црна Гора, Лазар Шќепановиќ, ја потврди оваа информација. Во големата полициска операција учествувале членови на специјалните и специјалните полициски единици, секторот за гранична полиција и регионалниот центар за безбедност „југ“.Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27