Јанчев: Би гласал за уставните измени во парламентот

Дали амнестија за крвавиот четврток е цената што владејачкото мнозинство ќе треба да ја плати за да поминат уставните измени во Собрание?

Но во опозициската ВМРО ДПМНЕ различни се толкувањата за вчерашниот собраниски говор на премиерот Зоран Заев и дали треба да се прифати амнестија за обвинетите од 27 април. Потпретседателот на партијата и градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев за Дојче Веле, вели дека во повикот на Заев препознал понуда за амнестија која како што вели треба да се спроведен.

Јас го разбрав како повик за амнестија. И ајде да ја направиме таа амнестија. Ајде да ги ослободиме луѓето, кои во таа еуфорија на 27-ми април, без намера или некаква организација, ненамерно направиле глупост. Таа работа треба да заврши во парламентот, со едногласно крената рака за амнестија на сите. Јас така би постапил.

Од неговата партија ниту денеска без конкретен коментар за говорот на Заев ниту пак прецизираа дали се за амнестија.

Аналитичарот Владимир Божиновски вели дека Заев понудил амнестија која уште повеке ја искомпликувала ситуацијата, но се сомнева дека така понудена може да се прифати.

И покрај тоа што ВМРО ДПМНЕ сега нема конкретен одговор дали е за амнестија која би ги опфатила и пратениците обвинети за собраниските насилства, сепак партискиот лидер Христијан Мицкоски во изминатиот период неколкупати изјавуваше дека партијата ќе подготви иницијатива. Тоа го направи и од партискиот марш во јули во Струмица.

Вчера на почетокот на пленарната седница на чиј дневен ред се уставните измени премиерот Заев ги повика пратениците од опозицијата да си подадат рака со пратениците од мнозинството и да ги поддржат измените. Рече и дека е подготвен да ја плати политичката цена за такво нешто.

Вулкан еруптираше во источна Индонезија

 Вулканот Ибу во источна Индонезија еруптираше денеска, исфрлајќи облак од пепел до 3,5 километри над кратерот, соопштија властите.

Ерупцијата, која започна во 12:37 часот по локално време, траеше повеќе од три минути, се вели во денешното соопштение на службеник на контролен пункт во близина на вулканот во северниот дел на Молука.

„Ги замолуваме жителите и туристите во близина на вулканот Ибу да не вршат никакви активности во радиус од два километри (околу кратерот)“, додаде службеникот.

Нивото на тревога прогласено по ерупцијата на вулканот на надморска височина од 1.325 метри останува второ на скала на четири нивоа. По ерупцијата не беше наредена евакуација.

Сепак, властите го повикаа населението да носи маски и очила кога излегуваат надвор за да се заштитат од паѓање на вулканска пепел.

Дачиќ: Гласањето за прием на Косово во Советот на Европа најверојатно на 17 мај

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека на 16 и 17 мај е состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа за прием на Косово во таа организација, а дека најверојатно ќе се гласа на 17 мај. 

Шефот на српската дипломатија во гостувањето на ТВ Прва рече дека не е извесно што ќе се случи и дека Србија „ќе се бори“. Исто така, рече дека Франција и Италија изразиле резерви, а Унгарија е против, пренесува Бета.

„Посветивме максимално политичко внимание на тоа прашање“, рече српскиот министер. Тие го притискаат (косовскиот премиер Албин) Курти да го испрати Статутот на ЗСО (Заедница на општини со српско мнозинство) до Уставниот суд на Косово, и додека Французите велат дека е потребен одговор на судот, некои велат дека е доволно само да се испрати барање“, рече Дачиќ.

Тој смета дека Косово е вештачки политички „пропаднат проект“, наведувајќи дека еднострано прогласи независност во 2008 година и дека во 2024 година сè уште не постигнало целосно признавање. Дачиќ оцени дека тоа е „дебакл на западната политика“.

Кејн за рекордот на Левандовски: Можно е да го надминам

Напаѓачот на минхенски Баерн, Хари Кејн, се доближи до рекордот на Роберт Левандовски за најмногу постигнати голови во Бундеслигата во една сезона, откако во саботата беше два пати прецизен во победата од 2-1 против Ајнтрахт Франкфурт.

Кејн дојде до бројката од 42 голови оваа сезона во сите натпреварувања, а ја мина и границата од 400 голови во кариерата.

Англискиот репрезентативец постигна 35 голови на 31 натпревари во Бундеслигата оваа сезона, шест помалку од рекордот на Левандовски, кој во сезоната 2020/21 во дресот на Баерн постигна 41 гол.

За да го надмине рекордот на Левандовски на Кејн му преостануваат уште три натпревари до крајот на бундеслигашката сезона.

„Можно е, но очигледно е дека морам да продолжам да постигнувам голови. Можеби ќе треба да постигнам неколку голови следната недела. Зависи од последните неколку натпревари“, рече Кејн.

притисни ентер