Објавени снимките од грабнувањето на новинарот на ,,Вашингтон пост” (ВИДЕО)

Турските медиуми објавија видео од безбедносните камери , каде се гледа дека новинарот на ,,Вашингтон пост” , бил грабнат во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека лично ќе се ангажира за да се открие вистината во врска со новинарот, на кого му се губи трагата откако влегува во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул .

Џамал Кашоги , познат новинар и критичар на саудиските власти , писчњезнал на 2 октомври , откако влегол во конзулатот за да извади документи за венчавка со турска државјанка. Турските власти наведуваат и дека новинарот е убиен и неговото тело е скриено , на што од конзулатот на Саудиска Арабија енергично демантираат.

Во исто време кога исчезнува новинарот , во Истанбул пристигнува група мажи од Саудиска Арабија , кои за кусо време си заминуваат од Турција , наведуваат извори од истрагата.  

Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија

Ниту еден од шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската Народна Партија денеска не сакаше да коментира за одобрениот азил на Никола Груевски во Унгарија.

Единствено еврокомесарот за проширување Јоханес Хан искоментира дека ќе се обиде да го праша Виктор Орбан за појаснувања на маргините на средбата.

Пред Самитот на ЕУ секоја политичка партија се состанува на партиско ниво за координација. На предсамитот на ЕПП беа присутни, меѓу другото, Виктор Орбан, Ангела Меркел, Жан Клод Јункер, Андреј Пленковиќ, Себастијан Курц и други.

Јоханес Хан, кој е инаку и потпретседател на ЕПП, изјави дека не очекува никаков одговор од Орбан, освен дека се е согласно законот и владеењето на правото во Унгарија.

Запрашан дали стравува дека Будимпешта би можела да ја блокира Македонија во делот на судството поради Груевски, Хан изјави дека "очигледно не".

-Имавме состанок неделава во Советот за надворешни работи и потврдено беше дека Македонија е речиси водечка земја во процесот на проширување во регионот, рече Хан.

На влезот на предсамитот на ЕПП МИА го праша и кандидатот на оваа партија за следните европски избори, Манфред Вебер, дали има став за азилот на Груевски, но тој само кусо одговори дека нема да ја коментира оваа тема.

Виктор Орбан и Себастијан Курц, исто така, одбија да одговорат на прашањето.

Хрватскиот премиер Пленковиќ изјави дека е запознаен со овој случај, но дека „за сега не сме расправале за тоа", без да даде повеќе детали за тоа дали темата воопшто ќе дојде на дневен ред. /МИА

Во тек е голема полициска акција во Стразбур (ВИДЕО)

Голема операција на француската полиција е во тек во квартот Неудорф во Стразбур.

Француските полицајци се во потера по Чериф Чекат , кој пред два дена уби 3 лица и рани 12 во терористички напад. Полицијата го бара и неговиот брат.

Специјалците со тешко вооружување ги пребаруваат куќите долж улицата Епинал. Министерот за внатерешни работи , Кристоф Кастане изјави дека станува збор за контроли какви што имало во последните 36 часа и апелира на смиреност кај жителите на населбата.

Во овој декл од градот целосно е запрен сообраќајот , а на новинарските екипи им е забрането да се приближат на местото на акцијата.

НАТО ќе и достави воена опрема на Украина вредна 40 милиони евра

НАТО на Украина ќе и достави опрема за сигурна комуникација до крајот на овој месец , рече првиот човек на Алијанската Јенс Столтенберг на средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко .

,,Му кажав на претседателот Порошенко дека ќе доставиме воена опрема за сигурна комуникација за украинските оружени сили до крајот на годинава.” , изјави Столтенберг и дополни дека тоа ќе биде помош врена 40 милиони евра за засилување на украиснката армија .

Подарокот од НАТО доаѓа во време на тензиите на Украина со Русија.

Столтенберг на средбата со Порошенко ја нагласил смиреноста и воздржаноста за време на оваа криза и ја повтори поддршката на НАТО во менувањето на опремата на војските на поранешните држави од Советскиот Сојуз , на што Русија категорично се противи.

притисни ентер