Видео: Руски фудбалери претепале угледен политичар!!

Руските фудбалски репрезентативци Александар Кокорин и Павел Мамаев во кафена во Москва ги претепале угледниот политичар Денис Пак и неговиот колега Сергеј Гасин. 

Сега, поради оваа физичка пресметка  ги очекуваат тешки денови во татковината.

Претепаниот Денис Пак е директор во Министерството за индустрија и трговија и е многу угледен руски политичар.

Инаку, според една верзија на приказната, политичарот Пак  побарал од  фудбалерите  Кокорин и Мамаев да бидат малку потивки , што претставувало провокација за фудбалерите и нивното друштво физички да го нападнат и претепаат политичарот. Кокорин дури фрлил столица која го удрила Денис Пак.

Втората страна пак тврди дека Пак бил претепан без никаков повод и дека во прашање бил само чист расизам. Денис Пак има азиско потекло , најверојатно тоа било причина за нападот.

Сопругата на фудбалерот Александар Кокорин ден по тепачката преку медиумите им се извинила на политичарите во име на сопругот со „објаснување“ дека фудбалерите и нивното друштво  биле пијани.

Георгина Родригез со длабокото деколте ги засени актерките во Кан (ФОТО)

Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо ,атрактивната  Гергина Родригез вчера стигна во Кан , каде го привлече вниманието со фустанот со големо деколте.

Георгина пристигна вчеравечер на премиерата на филмот на Квентин Тарантино и на црвениот тепих предизвика воодушевување.

Една од фотографиите од кан ги објави на Инстаграм и за неа за само еден час доби половина милион лајкови.

На црвениот тепих 25- годишната Аргентинка се појави во црн фустан со длабоко деколте без прерамки , а елеганцијата ја дополни со високи штикли.

Се преплашила од пајак и скокнала со комбето во река

Неименувана Американка од државата Џорџија толку се преплашила од пајак , што скокнала од комбето додека го возела.

Жената здогледала пајак што лазел по нејзиниот скут и реагирала во паничен страв. Скокнала од комбето Киа, додека уште било во брзина , а потоа гледала како возилото пропаѓа во блиската река.

Таа во неделата , како што пишуваат американските медиуми , се обидувала да однесе кајак до реката во Кингстон , на 90 километри од Атланта. Но , во скутот и се спуштил пајак и жената експресно скокнала од возилото , без да размислува дека е во брзина. Комбето продолжило да вози по инерција и пропаднало во реката Етова.

Според полицијата , не можело да се најде комбето во надојдената река , така што осигурителната компанија ќе ангажира тим професионални нуркачи за да го лоцираат возилото.

Ѕвездата во Кан ги шокира сите со скок во студеното море (ФОТО)

Австралиската актерка Маргот Роби (28) деновиве престојува во Кан , каде учествуваше на промоцијата на најновиот филм на Квентин Тарантино , во кој има една од главните улоги.

Маргот во филмот ,,Беше еднаш во Холивуд”  ја игра улогата на актерката Шерон Тејт , која беше убиена на почетокот на минатиот век во Холивуд. Таа глуми заедно со Бред Пит и Леонардо ди Каприо.

За околу два месеца филмот ќе почне да се прикажува во кино салите . Таа вчера реши да се опушти од обврските и да се фрли во Лигуриското Море на Азурниот брег.

Во едноделен костум за капење убавата Австралијка скокна на глава во морето , иако температурата изнесувала само 16 степени.

притисни ентер