Содржи четири сушински промени кои од утре влегуваат во Собранието, каде се уште е нејасно дали е обезбедено потребното двотретинско мнозинство.
Ниту потпретседателската на Собранието Ременски не прецизираше дали веќе е обезбедена двотретинска поддршка во собранието. Ги повика пратениците да преземат одговорност, да ја послушаат волјата на граѓаните кои се изјасниле на референдумот и да гласаат за уставните измени. Порача оти амнетија нема да има, а доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму го блокира процесот, веднаш ќе се оди на предверемни избори.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев нема легитимитет да го менува Уставот и уставното име на Република Македонија. Го повикуваат премиерот да се откаже од капитулантскиот договор со Грција.
„Зоран Заев нема легитимитет да ги менува идентитетот, историјата, културата и традицијата на Република Македонија. Граѓаните не ја поддржаа неговата антидржавна политика и му порачаа дека договорот од Преспа за промена на името е правно - политички мртов“, се наведува во партиското соопштение.
По доставувањето на амндманите до Уставната комисија во Собранието, започнува расправата која може да трае најмногу 10 дена, а уставните измени најверојатно ќе се гласаат идниот вторник. За да поминат во Собранието потребно е поддршка од девет опозициски пратеници, односно за уставните измени да гласаат вкупно 80 пратеници.