Бејли: Останува на Парламентот да ги преземе следните чекори за имплементација на Договорот

САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор.Сега по консултативниот референдум останува на Парламентот да ги преземе следните чекори во неговата имплементација, порача американскиот амбасадор Џемс Бејли повторувајќи го ставот на Стејт департментот. 

- Ние го поздравивме резултатот од консултативниот референдум во кој голем број граѓани се изјаснија „за“ продолжување на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ прифаќајќи го Договорот од Преспа. Сметаме дека овој Договор кој ние силно го поддржавме го отвора патот на македонската иднина во НАТО и ЕУ од што бенефит ќе имаат земјата, граѓаните на земјата, но исто така и регионот, неговаиот просперитет, стабилност, и безбедност. Следниот чекор во имплементација на Договорот е на Парламентот. Во овој контекст се надеваме дека лидерите и членовите на Парламентот ќе ги стават настрана политичките разлики и земјаќи го предвид поширокиот интерес на земјата ќе го искористат овој историски момент кој ќе помогне да се обезбеди иднината на Македонија во семејството на западните институции нешто за што луѓето на оваа земја се залагаат уште од независноста на земјата, рече Бејли на новибарско прашање по прес-конференецијата за референдумот на ОБСЕ/ОДИХР и на ПССЕ во Скопје.

Запрашан во врска со цензусот и дали тој е релевантен и го одразува ставот на сите граѓани, Бејли рече дека бројката од 660 илјади гласови политичките лидери треба сериозно да ја земат предвид при одлучувањето за следните чекори во однос на Договорот.

- Гледајќи на одѕивот, она што е важно дека 660 илјади граѓани излегоа да гласаат и го поддржаа Договорот. Имаше број на гласачи коишто не излегоа да гласаат. Некои очигледно бојкотираа, други можеби не се во земјата или, пак, не гласаат. Ако погледнете на просечната бројка на гласачи кои излегуваат на парламнетарните изборите во Македонија во последните 20 години, тоа е околу 1,1 милион. Така што, 660 илјади луѓе се мнозинство од тоа. Тоа е значителен број на гласови кои политичките лидери треба сериозно да го земат предвид при одлучувањето за следните чекори во однос на Договорот, истакна амбасадорот Бејли.

Во однос на можноста за предвремени избори и како тоа ќе се одрази на имплементацијата на Договорот од Преспа, американскиот амбасадор истакна дека тие се фокусирани на имплементацијата на Договорот.

- Што однесува на предвремени избори тоа е работа на Парламентот и на политичките лидери во земјата, рече американскиот амбасадор Бејли.

Жена издржала предизвик да преживее 8 часа без мобилен- добила 1.380 долари

Замислете да поминете осум часа без вашиот телефон - без да се движите низ социјалните мрежи, да гледате видеа или дури да проверувате пораки.

Една жена од Кина успеала во овој предизвик и освоила награда од 10.000 јуани, што е приближно 1.380 долари.

Овој необичен тест го организирала една компанија во Кина, која дизајнирала „предизвик за општо добро“ за да ја тестира способноста на луѓето да се одвојат од нивните паметни телефони. Правилата не биле едноставни: учесниците морале да лежат цели осум часа, не им било дозволено да читаат, да гледаат филмови или дури и да дремнат. Секој знак на нервоза бил строго контролиран со помош на нараквици кои ги следеле виталните параметри како што е отчукувањата на срцето.

Победничка била жената која се појавила во пижами иако не смеела да заспие за време на тестот. Таа успеала да ја однесе дома главната награда, додека останатите натпреварувачи се откажале пред истекот на осум часа.

Овој предизвик го привлекува вниманието на секогаш присутниот проблем на зависноста од паметни телефони. Истражувањата покажуваат дека во просек возрасните во САД ги проверуваат своите телефони дури 352 пати на ден, што е четири пати повеќе отколку во 2019 година. Зависноста е особено изразена кај помладите генерации, кои често доживуваат симптоми на повлекување кога се далеку од своите уреди.

За време на пандемијата, употребата на телефон дополнително се зголеми поради осаменоста, работата од дома и апликациите дизајнирани да ги задржат корисниците залепени за екранот. Некои од факторите кои придонесуваат за оваа зависност се напредните мобилни игри, социјалните мрежи и вештачката интелигенција, што дополнително го зголемува ангажманот на корисниците.

Иако во моментов не постои универзална дијагностичка категорија за зависност од паметни телефони, истражувањата покажуваат дека повеќе од 25% од луѓето ширум светот покажуваат симптоми на оваа зависност. Резултатите од анализата на 82 различни студии со над 150.000 испитаници зборуваат за загрижувачки тренд кој не покажува знаци на забавување, пишува TechSpot.

Дали би можеле да поминете осум часа без вашиот телефон? Овој предизвик можеби изгледа едноставен, но во модерното време, кога телефонот стана неопходен дел од животот, одвојувањето од него е вистински подвиг.

Австралиската полиција заплени рекордни 2,3 тони кокаин- им се расипал бродот (ВИДЕО)

Австралиската полиција денеска соопшти дека заплениле рекордни 2,3 тони кокаин и уапсила 13 лица откако брод со дрога се расипа во близина на брегот на Квинсленд.

Полицијата наведува дека сите уапсени се австралиски државјани, а двајца од нив се помлади од 18 години и дека како максимална казна им се заканува доживотен затвор, пренесе АП.

Продажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на 494 милиони долари.

Инспекторите им рекоа на новинарите во Бризбејн дека дрогата била транспортирана од Јужна Америка.

Апсењата вчера и завчера уследија по едномесечна истрага што следеше по дојавата дека криминална банда планирала операција за шверц на неколку тони кокаин, соопшти полицијата.

Германец исчезнал без трага, по 20 часовна полициска потера го нашле на најнеочекувано место

Неименуваниот 66-годишен Германец преживеал непријатни и напнати 20 часа, колку што бил исчезнат во родниот град, општина Ној-Улм.

Неговото семејство повикало полиција и им објасниле дека тој излегол од куќата во петокот попладне и повеќе не се вратил. Не контактирал со нив, како што обично прави, а тие биле загрижени дека нешто му се случило.

По пријавата, властите организирале претрес, а најпрвин ја посетиле компанијата во која работи човекот, пренесува Kleine Zeitung.

Во зградата немало многу малку вработени поради викендот, а обезбедувањето по кратко доцнење ја разрешило енигмата. Несреќниот маж бил пронајден заклучен во тоалетот, а со себе немал мобилен телефон.

Поради некоја причина, вратата од тоалетот се затворила и тој останал заробен. Бидејќи неговите колеги заминале дома, немал кого да повика на помош.

Но, тоа не било крајот на искушението. Полицајците не можеле да ја отворат вратата, па на помош била повикана локалната противпожарна единица. Проблемот го решиле со хидрауличен уред и несреќниот човек конечно успеал да се врати кај семејството.

Според полицијата, тој под овие околности добро се однесувал.

По „затворот“, мажот повторно вчера излегол на свеж воздух, и тоа околу 4 часот наутро“, соопштено е.

притисни ентер