Успешна направена трансплантација на бубрег 81 годишна жена донор

81 годишна жена му даде втор живот на својот син. Пред два дена таа го донираше својот бубрег на синот. 

Мојата мајка 81 годишната Павлина по втор пат ми дава живот, таа ме спаси и ми го донираше својот бубрег без размислување, раскажува Тоде Ѓорѓиев. 57 годишниот пациент на клиниката за урологија раскажува за животот со години бил на дијализа, последната шанса била само трансплантација.

Трансплантацијата ја направи доктор Сашо Дохчев заедно со тимот од урологија. Како донира најчесто се луѓе до 65 години, овој тип на транспланатација е навистина посебен.

Дохчев вели дека иако акко тим се подготвени во секој момент да се направи транспланатација од кадаеверик или починат човек, сепак е многу важно орагнизацијата да се промени и секако да се почне со дебати и кампања за сложување органите од починат човек да се донираат со цел да се спаси човечки живот.

АстраЗенека го продала уделот во Модерна за над милијарда долари

АстраЗенека продала 7,7% од акциите на Модерна за повеќе од 1 милијарда долари откако акциите на американската компанија за биотехнологија пораснале благодарение на пробивањето на вакцината на пазарот, објави британски Тајмс.

Не е јасно во кој период британско-шведската компанија го продала својот удел во Модерна, со што планира да одржи партнерство за други терапии.

AstraZeneca во иднина може да ја продава вакцината на комерцијална основа доколку вирусот стане ендемичен, се додава во извештајот.

Модерна, чија вакцина е одобрена за итна употреба во САД, соопштила дека очекува приход од околу 18,4 милијарди долари од вакцината против коронавирус оваа година.

Легендарниот Ferrari 250 GTO се враќа (ФОТО)

Рестомод сцената станува се посилна, а работите се уште поинтересни кога приказната се врти околу безвременските класици.

GTO Engineering е компанија од Велика Британија што го најави „ Project Moderna “, со што ќе се појави мрежно модерно толкување на легендарниот модел на Ферари. Објавувањето на проектот било проследено со ентузијазам кај обожавателите на оваа класика, па затоа компанијата одлучила да ја информира јавноста за напредокот на проектот. И да, освен изгледот, сè ќе биде ново, па тие претпочитаат својот иден автомобил да го нарекуваат „преродба“ , а не „рестомод“.

И покрај сегашните трендови, атмосферскиот мотор V12 е избран за напојување на овој специјален автомобил. „За нашиот тим, моторот и естетиката се двата најважни делови на автомобилот, така што започнавме од таму со толку голем ентузијазам“, објаснува Марк Лион, основачот на компанијата, кој работи на проектот.

Моторот ќе се спои со мануелен менувач, додека основата на автомобилот ќе биде тубуларна челична шасија, но со подрамки изработени од алуминиум. Целта е јасна, а тоа е да се остане под 1000 кг. Изгледот на автомобилот е целосно дефиниран од оригиналот, а единствениот проблем ќе биде потребата да се прилагоди на фактот дека луѓето денес се во просек повисоки отколку во 1960-тите.

GTO Engineering сега формално го отворил списокот со нарачки, но јавно не ја објавува почетната цена, ниту датумот на испорака на автомобилот.

Пукотници во средно училиште во САД, застрелан ученик (ВИДЕО)

Ученик е повреден во денешното пукање во средното училиште Вотсон Чапел во Пајн Блаф, во американската сојузна држава Арканзас, соопштила управата на окружното училиште.

„Родителите на повредениот ученик се информирани“, се вели во соопштението, додавајќи дека сите други ученици се безбедни, а станувало збор за „изолиран инцидент“, пренесува Ројтерс.

Наставата започнала денеска во училиштето во Пајн Блаф, што се наоѓа на околу 70 километри од главниот град на државата Арканзас, Литл Рок.

притисни ентер