МакедонијаБрачна двојка од Македонија осомничена за киднапирање на сопственото бебеФранцуските власти шести дена трагаат по брачна двојка од Македонија, осомничена за киднапирање на сопственото бебе.Докторите во угледната болница Мерси во францускиот град Мец останале вџашени кога виделе дека постелата на 13-месечно бебе од Македонија, каде се лекувало цели два месеца е празна. Веднаш е алармирана полицијата, која случајот го води како киднапирање. Настанот се случил пред шест дена некаде околу полноќ. Мистеријата брзо ја разрешуваат безбедносните камери. Според француските медиуми, тие ги лоцираат мајката и таткото на бебето како бегаат по ходниците со девојчето во раце и влегуваат во автомобил. Покрената е потера, но трагата на возилото му се губи на границата со Германија, каде најверојатно побегнало семејството. Француските медиуми пренесуваат дека детето било донесено на лекување заради сериозни респираторни деформитети. Веста за Канал 5 ја потврдија и од болницата во Мец. ,,Наводното киднапирање, се случило? Не знаеме што е со детето, всушност не знаеме каде е. Дали родителите се киднаперите? Очигледно да, да. Бебето во Мец се лекувало од средината на јули. Тамошните медиуми пренесуваат дека на девојчето се уште му е потребна постојана грижа и оти прекин на лекувањето би имал сериозни последици врз нејзиното здравје. Истрагата ја води јавното обвинителство во Мец, а јавниот обвинител порача дека од здравствен аспект, локацијата на детето за нив е приоритет. ,,Трагата им се губи околу 7 часот наутро, на границата со Германија. На телефонот кој го користеа му се губи трагата потоа. Истрагата продолжува, се разбира. Мора да дознаеме каде се. Дали се во Германија? Во Македонија? на друго место? Тоа е важно за детето, бидејќи може да биде во голема неволја. Тоа е приоритет! Детето не може да се третира во Македонија за неговите деформитети, затоа мораме да се дознаеме каде се наоѓа и соодветно да го згрижиме. Медиумите пишуваат и дека француските власти воспоставиле и меѓународна соработка, а предупредени биле белгиските, германските и македонските власти. Сепак, од МНР велат дека не добиле никакво официјално известување од француска страна, а не сакаат да коментираат натписи во француски медиуми Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИндонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанотИндонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси.Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси, но потрагата по 29-годишниот капетан на бродот е во тек, соопштија официјални лица. Глисерот испловил од нуркачкиот центар во регентството Тоџо Унаун кон пристаништето Мариса во соседната покраина Горонтало, но не пристигнал, што предизвикало потрага, објави АП. Бродот превезувал пет холандски државјани, тројца Германци, по еден од Чешка, Белгија и Франција, како и двајца индонезиски членови на екипажот. Според раководителот на канцеларијата за пребарување и спасување на покраината Горонтало, Херијанта, спасувачките екипи пребарувале површина од околу 300 квадратни наутички милји користејќи глисери, дрон со термичка камера и опрема за нуркање. Преживеаните рекоа дека откако наишле на силна бура, глисерот се распаднал и потонал, а патниците се спасиле користејќи сплав за спасување, додека капетанот се изгубил во густата магла. Операцијата за пребарување на капетанот ќе продолжи во следните седум дена, соопштија индонезиските власти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
ФудбалУжас на теренот: Фудбалерка со цела сила ја клоца противничката по глава (ВИДЕО)Првиот натпревар од општинското првенство во футсал за жени во Еузебио, во бразилската држава Сеара, беше засенет од инцидент и голема толпа на теренот.За време на натпреварот помеѓу екипите RDJ Sport и As Resenhas, според извештаите и снимките што кружат на социјалните мрежи, една фудбалерка направила сериозен прекршок што ја турнал противничката на теренот. После тоа, со силни удари со нога ја удира по главата. View this post on Instagram A post shared by Son Noticias RD (@sonnoticiasrd) Овој инцидент предизвикал жестоки реакции кај играчите и навивачите, а ситуацијата брзо ескалирала во општ конфликт меѓу двата тима. Судијата бил принуден привремено да го прекине натпреварот поради хаосот што настанал. Сепак, натпреварот бил завршен, а тимот RDJ Sport победил со 1:0. Организаторите на натпреварот, како и Секретаријатот за спорт на Еузебио, сè уште не коментирале за можни казни или дисциплински мерки по инцидентот, иако многу спортски фанови бараат најстроги санкции против оваа играчка. Покрај тоа, се бара казна што оди подалеку од опсегот на спортот, имено истата фудбалерка да биде кривично одговорна за обид за нанесување сериозни телесни повреди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИндискиот министер за образование поднесе оставка по големите протести на младите Индискиот министер за образование, Дармендра Прадан, во саботата се поклони пред јавниот притисок од студентското „движење на лебарки“ и поднесе оставка.„Имам големо почитување за легитимните очекувања на младите во оваа земја“, напиша Прадан на социјалната мрежа X, додавајќи дека ја поднел својата оставка до премиерот Нарендра Моди. Клучното барање на партијата Овој потег беше клучно барање на Партијата на лебарки (CJP) и нејзините млади поддржувачи, кои веруваат дека министерот треба да преземе политичка одговорност за скандалот со протекување на документи за приемен испит на факултет. На неодамнешните протести во индискиот главен град, Њу Делхи, имаше насилни судири меѓу поддржувачите на CJP и полицијата, а многу луѓе беа повредени. Сатирично движење од интернет CJP беше основано во мај, откако Врховниот суд ги нарече невработените млади лебарки. Опишано е како „сатирично политичко движење“ и ги организира своите активности главно преку интернет. Набљудувачите велат дека протестното движење се претвори во голем предизвик за владата, која понуди разговори со своите претставници. Договорен крај на демонстрациите Младите демонстранти се согласија да ги прекинат демонстрациите, што им го потврди на новинарите портпаролот на движењето „лебарки“ по разговорите со владата во саботата. Младите бараа финансиска компензација и одговорност за животите на младите луѓе кои извршија самоубиство под притисок предизвикан од откажувањето и повторувањето на приемните испити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00