Мицотакис: Ако грчкиот парламент не го изгласа Договорот од Преспа, преговорите почнуваат од почеток

Нова демократија ќе гласа против Договорот од Преспа, а другата страна треба да знае дека, ако не биде изгласан од грчкиот парламент, тогаш преговорите почнуваат од почеток, порача Кирјакос Мицотакис, лидерот на најголемата грчка опозициска партиja.

Мицотакис се обрати во Солун , за време на неговиот говор во рамките на 83от Меѓународен саем.

- Сакам од овде, од престолнината на Македонија да испратам една јасна порака до сите, Нова демократија ќе гласа против овој договор дали сега дали во следниот парламент. А ако на крај, договорот што го потпиша СИРИЗА не биде изгласан од парламентот, тогаш и другата страна треба да знае дека преговорите започнуваат од почеток, рече Мицотакис.

Претседателот на Нова демократија уште еднаш го повтори ставот дека со Договорот од Преспа „на соседите им се отстапуваат македонскиот идентитет и македонскиот јазик“.

-Тешка сенка паѓа врз Северна Грција, тоа е Договорот за скопското прашање кој го потпишаа во отсуство на грчкиот парламент, во отсуство на грчкиот народ господата Ципрас, Коѕијас и Каменос. Договор на срамот, кој за прв пат отстапува македонски идентитет и македонскиот јазик на нашите соседи, истакна Мицотакис и додаде дека уште посрамен е обидот на актуелната грчка влада „да ги карактеризира радикални десничари оние кои излегуваат на протести“.

- Повторно му велиме на господинот Ципрас дека вистинските патриоти не се националисти. И дека екстремните националисти не се патриоти, рече Мицотакис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, додека Мицотакис говореше за Договорот од Преспа, присутните во салата на Меѓународниот саем, на неколку пати го прекинаа со силни аплаузи.

Во присуство на поранешните премиери и претседатели на Нова демократија, Костас Караманлис и Андонис Самарас, Мицотакис во традиционалниот говор на саемот, овој пат под мотото „Можеме“ ги претстави мерките што тие како влада би ги презеле за „Грција да оди напред“. /MИА

Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани,....

Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес, нова катна гаража, реконструирање на општата болница во Велес и многу други проекти за велешани.

Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините.

Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови

Претседателот на Палестинската самоуправа (ПА) Махмуд Абас денеска предупреди дека израелската армија во следните неколку дена ќе започне копнена офанзива врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Рафа моментално е дом на околу 1,45 милиони луѓе, од кои повеќето претходно беа раселени од другите делови на енклавата, додека загриженоста за хуманитарната ситуација во Газа расте. Абас истакна дека САД се единствената земја која може да спречи израелски напад врз Рафа.

Палестинскиот претседател изрази загриженост поради присилното раселување на палестинското население од Западниот Брег под управа на ПА, откако израелската армија ќе „заврши со Газа“.

Тој нагласи дека ПА одбива да прифати етничко чистење на Палестинците од двете територии и додаде дека палестинската самоуправа бара да се прекине конфликтот и да се даде помош на населението.

Владата на Португалија не планира да плаќа репарации за злосторства над робовите

Спротивно на изјавите на португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза, Владата на Португалија денеска соопшти дека одбива да започне каков било процес на исплата на репарации за злосторствата.

Спротивно на изјавите на португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза, Владата на Португалија денеска соопшти дека одбива да започне каков било процес на исплата на репарации за злосторствата извршени за време на трансатлантската ропска и колонијална ера.

Од 15 до 19 век, шест милиони Африканци биле киднапирани и насилно транспортирани преку Атлантикот со португалски бродови и продадени во ропство, главно во Бразил.

Ребело де Соуза изјави и дека Португалија може да користи неколку методи за плаќање репарации, како што се отпишување на долговите кон поранешните колонии и обезбедување финансиска поддршка.

Сепак, португалската Влада соопшти дека сака „подлабоко подобрување на меѓусебните односи, почитување на историската вистина и сè поинтензивна и блиска соработка, заснована на помирување на братските народи“ и додаде дека не постои „процес или програма за конкретни акции за исплата на репарации“, истакнувајќи дека оваа политичка линија ја следеле и претходните влади.

Владата во Лисабон оцени дека односите со поранешните колонии се „навистина извонредни“, особено во областите како што се образование, јазик, култура, здравство, но и во доменот на финансиската и економската соработка.

притисни ентер