Дали и ВМРО-ДПМНЕ тргна во кампања?

Тргна ли ВМРО-ДПМНЕ во референдумска кампања, неколку дена по ставот - граѓаните сами да одлучат како ќе постапат.

 Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев на средби со граѓани, во Виница и Кочани ги објаснува штетните последици од договорот со Грција.

Партијата на својот јутјуб канал веќе има и објавено видео во кое се потенциранипораките од лидерот Мицкоски по средбата на партиските тела во вторникот.

Меѓународната заедница во меѓувреме, од опозицијата бара по конкретен став во врска со референдумот.

Пораката до господинот Мицкоски беше иста како и во сите други мои средби, ставив јасно до знаење дека Америка ја гледа Македонија како многу вреден сојузник и пријател, ја цениме безбедносната соработка која ја имаме и економската. Го повикав да биде по јасен во неговиот став и ги охрабрувам Македонците да излезат и да гласаат

По средбите со  високите меѓународни претставници, Федерика Могерини и Вес Мичел, лидерот на партијата Мицкоски порача дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ не се менува. Од пред седиштето на ЕУ во земјава повтори дека се за евроатлански интеграции, но се против договорот со Грција.

Партијата во недела најави и протестен марш во Штип, за како што се вели во соопштението, да се стави крај на криминалите и распродавањето на државните и национални интереси.

Спречен терористички напад во Русија, џихадистот убиен при апсењето!!

Рускиот ФСБ спречило терористички напад од ИСИС , џихадистот е убиен при апсењето.

Во текот на операцијата ниту еден припадник на полицијата не е повреден.

Руските специјалци ги неутрализирале припадниците на терористичката организација ИСИС кои подготвувале терористички напад во Саратов.

-Федералната служба за безбедност на Русија спречи терористички напад во Саратов планиран од страна на член на меѓународната терористичка органзација ИСИС на место на кое има голема концентрација на луѓе, наведе во своето соопштение ФСБ.  

Државјанин на Русија набавил оружје, средства за првање експлозии и организирал лабораторија за синтетизирање на експлозивните средства во гаража. Мажот работел по инструкциите на ИСИС.

Терористот при апсењето давал отпор и бил убиен.

ДСЗИ: Синлаб да врши прописно собирање, селектирање и пакување на медицинскиот отпад, следат прекршочни санкции

Извршените вонредни инспекциски надзори на ДСЗИ, како што се посочува, следат откако беше утврдено дека таа ПЗУ фрла медицински отпад во сини кеси за комунален отпад во контејнери за комунален отпад.

 По извршените инспекциски контроли Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) со решение ја задолжи Приватната здравствена установа Синлаб да врши прописно собирање, селектирање и пакување на медицинскиот отпад, како што е регулирано со Правилникот за начинот на постапување со медицинскиот отпад, како и начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад.

Извршените вонредни инспекциски надзори на ДСЗИ, како што се посочува, следат откако беше утврдено дека таа ПЗУ фрла медицински отпад во сини кеси за комунален отпад во контејнери за комунален отпад.

Со оглед на тоа дека законодавецот предвидел глоба за правните и физичките лица, како и за одговорните лица во правните лица кои постапуваат спротивно на одредбите од овој Правилник, следи и спроведување прекршочни санкции за сторителите на прекршокот, наведуваат од ДСЗИ. 

Нивоата на реките во рамки на јунскиот просек

 Нивоата на повеќето реки во земјава се во рамки на просекот за јуни, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР,  исклучок прават реката Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања и Струмица кај Ново Село, каде нивото на водата е над просекот за овој месец.

Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро не отстапуваат значително. 

притисни ентер