Градоначалникот на Загреб гаѓан со јајца , исвиркан и со скршен автомобил (ВИДЕО)

По синоќешната престрелка со калашникови пред училиште во Загреб, денеска граѓаните го нападнаа градоначалникот Милан Бандиќ.

Градоначалникот Бандиќ беше нападнат во дворот на училиштето , каде синоќа родителите и децата спасуваа жива глава во претсрелката на две лица со калашникови на улицата пред училиштето.

За среќа во престрелката во која биле испукани најмалку 30 куршуми и настанала поради семејна кавга на две ромски семејства , нема повредени .

Уништени се неколку возила и преплашени се жителите на населбата , а најмногу учениците и нивните родители , кои биле на првата линија на рафалот во училишниот двор .

Денеска Бандиќ беше исвиркан од гневните родители и соседи , беше гаѓан со јајца , а кога сакаше да си замине , виде дека автомобилот му е искршен.

Меј именува нов министер за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј го именува Стивен Беркли за најнов министер за Брегзит.

Беркли доаѓа од функцијата државен секретар во министерството за здравство и гласал за излегување на Британија од Европската Унија.

Меј најави дека лично ќе ги надгледува последните десет дена од преговорите со Брисел за идните односи на Британија со ЕУ , додека Беркли ќе се насочи на подготовките во земјата и за усвојување на предлогот на Меј во Парламентот.

Беркли го заменува Доминик Рааб , кој вчера поднесе оставка поради несогласувањата со нацрт планот за Брегзит , откако конечно беше постигнат договор со Унијата.

Поранешната министерка за внатрешни работи , Амбер Рад е поставена за министерка за труд и пензиски систем на местото на Естер МкВеј , која исто така поднесе оставка.

Бугарскиот вицепремиер поднесе оставка

По масовните протести поради неговата изјава за активистите за правата на лица со посебни потреби , вицепремеирот на Бугарија , Валериј Симеонов , поднесе оставка.

,,Поднесувам оставка поради контимуираната медијска кампања против мене. Таа кампања му прави штета на угледот и авторитетот на Владата и стана пречка за мојата нормална работа. Тоа е нешто што не можам да си го дозволам. Не станува збор за мене или за партијата на чие чело се наоѓам , туку за Владата за која мислам дека е многу успешна. “ , рече Симеонов на прес конференцијата.

Вицепремиерот , кој е задолжен за економска и демографска политика и еден од лидерите на партијата Обединети патриоти ги нарече активистите ,, крескави жени” и рече дека шпекулираат шреку своите болни деца.

Премиерот Бојко Борисов ја прифатил оставката на Симеонов , кој објасни и дека сам ја поднесува , а не под притисок на премиерот.

Солзавец и водени топови –Демонстранти се судрија со полицијата(ВИДЕО)

Полицијата употреби водени топови и солзавец против демонстрантите во Чиле , кои протестираа против убиството за припадник на домородното население.

Убиството на маж од племето Мапуче, кој беше застрелан од полицијата предизвика насилни протести во главниот град на Чиле , Сантијаго. Демонстрантите палеа автомобилски гуми и фрлаа камења кон полицијата , која возврати со солзавец и водени топови.

Во средата 24 годишниот камило Катриланка беше застрелан во глава , додека полицијата вршела истрага за крадци на автомобили.

Катриланка бил внук на почитуван поглавар на домородното население , Мапуче.

притисни ентер