Конференција „Шар Планина - треба ли да биде прогласена за Национален парк"

Конференција на тема „Шар Планина - треба ли да биде прогласена за Национален парк“ ќе се одржи денеска во селото Доброште во општина Теарце, во организација на Балканскиот институт за регионална соработка. 

На конференцијата ќе се обрати министерот за животна средина и просторно Садула Дураки.

Предвидено е учесниците, претставници на релевантни институции и граѓанското општество, да разменат идеи и мислења за можноста Шара да го добие конечно долгоочекуваниот статус на Националниот парк, како и да се потенцираат и придобивките кои ќе ги имаат жителите на околните населени места.

На конференцијата ќе се прикаже документарниот филм, каде се прикажува моменталната ситуацијата на Шара, убавината на овој масив, но и последиците од немањето институционална заштита.

Конференцијата е дел од проектот „Подигнување на јавната свест за прогласување на Шар Планина за национален парк“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, што го спроведуваат Niras од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација. /МИА

Мигрант спиел на пруга и бил прегазен од воз во Грција

Грчката полиција го пронашла безживотното тело на мигрантот кој го прегазил воз во близина на границата со Турција.

Полицијата наведува дека мигрантот најверојатно заспал на шините. Друг мигрант од Ирак кој успеал на време да се тргне од шините, и рекол на полицијата дека прегазениот маж спиел на пругата.

Се ова се случило вчера во близина на селото Апалос, недалеку од Александрополис, на северистокот од земјата, пренесува „AP“.

Преживеаниот мигрант и рекол на полицијата дека и двајцата влегле во Грција преку копнената граница со Турција.

Вонредна летна крводарителска акција во Куманово

Дваесет и четири крводарители од Куманово, од кои четворица повеќекратни денеска даруваа крв на вонредната, втора по ред летна крводарителска акција која се одржа во кумановскиот Центар за култура.

Крводарителската акција е во организација на Црвениот Крст – Куманово и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

– И оваа акција е успешна, оцени стручниот соработник за крводарителство, Ива Младеновска.

Во првите шест месеци од годинава од јануари до јуни се одржале 25 крводарителски акции на кои крв дарувале 1.324 крводарители, од кои 1.053 мажи и 270 жени./МИА

Димковски: Ако отстрелот биде задоволителен, војската нема да се активира

Министерот за земјоделство Трајан Димковски ќе ги следи најавените акции за отстрел на диви свињи викендов.

За Канал 5 вели дека ако ловџиите го исполнат голем дел од предвидената квота, има простор да се ревидира рокот.

 Со министерот Димковски  колегата Игор Манасиевски разговараше и за откупните цени и распределбата на картички за зелената нафта.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

притисни ентер