СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ почна да критикува сопствени проекти

ВМРО-ДПМНЕ очигледно целосно се загуби во лажните вести па почна да критикува проекти донесени за време на нивното криминално владеење а токму таков е проектот за гасоводот на Водно којшто актуелната Влада го наследи од претходната.

Проект за којшто сите дозволи и решенија за негово отпочнување се извадени и донесени токму од ВМРО ДПМНЕ.

Лицемерно и несериозно е ВМРО ДПМНЕ да зборува за штета, за која што тие се сторители. Зборува за сеча на дрва, а токму тие се оние кои со години го уништуваа зеленилото на Водно и во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ зборува за нарушување на животната средина, а токму со проектите кои се изведоа во времето на нивното 11 годишно владеење се нанесоа страшни, долгорочни и непоправливи штети врз Водно.

За разлика од налудничавите проекти на ВМРО-ДПМНЕ на Водно, конкретниот и изменет проект за гасификација не само што не штети, туку ја заштитува животната средина. Во таа насока, изменета е трасата, со што двојно се намалува и опфатот на дрвната маса од 3000 на 1400 метри кубни метри, се намалува ширината на трасата од 25 на 10 метри и воедно се опфаќа само 0,07 отсто од шумата Водно.

Истовремено, Владата обезбеди средства во висина од 43 милиони денари од страна на МЕР како законска компензација за пошумување на она коешто ќе се исече при спроведување на проектот.

Гасификацијата е врвен стратешки проект за Македонија, а придобивките од нејзината реализација се повеќекратни. Со гасификацијата ќе се намали загадувањето на воздухот, ќе се намали сечата на дрва, ќе се намали ерозијата на земјиштето, а граѓаните ќе добијат нов и поевтин начин на затоплување. Сето тоа, позитивно ќе влијае врз зачувувањето на животната средина.

Владата предводена од СДСМ останува на патот кон своите зацртани цели, а тоа е работа во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во лажните вести и измислиците. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер