Политичката криза или постапката за бришење една од причините за банкротираните фирми

Политичката криза најверојатно е една од причините за зголемениот број на банкротирани фирми, велат од економија.

Политичката криза најверојатно е една од причините за зголемениот број на банкротирани фирми, велат од економија, откако вчера НБРМ во извештајот за финансиска стабилност нотираше дека лани стапката пораснала на 3,2%, откако претходната година била на ниво од 2,1%.

Со сигурност не можат да се утврдат причини вели Бектеши, но посочи можни две.

„Не може да се каже со сигурност што е конкретната причина за податоците што ги извади НБРМ, но треба да се има предвид дека Министерството за економија не направи измени во регулативата во 2016 и 2017. Што се однесува до постапката за влез или излез на пазарот, тоа го води Централниот регистар“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Бектеши информираше и за мерките за раст на конкурентноста. Првите 20 милиони денари се исплатени на вкупно 81 компанија. Средствата се доделени по принципот „прв дојден-прв услужен.“

Министерот вели дека тој лично не е поврзан со ниту една компанија, додека специјална комисија ќе испитува дали некој друг функционер е на листата.

„Процедурата за оваа мерка беше завршена пред да се објави поддршката од Фондот за иновации и апликациите во рамки на Агенцијата за странски инвестиции. Можам да ви ја доставам листата на сите компании што добиле средства, но треба да се има предвид дека во Министерството за економија средствата се доделуваат по принципот „прв дојден-прв услужен.“ Не побаравме изјава од компаниите за тоа дали има функционери во нивната сопственичка структура зашто процедурите веќе беа завршени, а комисијата ги донесе одлуките пред еден месец. Во однос на конфликтот на интереси, за мене лично можам да кажам дека ниту еден од моите роднини или блиски не аплицирал за овие мерки. За другите функционери, формиравме комисија, а истовремено ќе ја побараме и сопственичката структура на сите 81 компанија што добија средства. Ако има конфликт на интереси, ние ќе објавиме, но истовремено и вие ќе може да ја побарате, вклучувајќи го и управителот на компанијата“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши

Интересот на фирмите за Програмата за конкурентност се зголемил, вели Бектеши. Пријавени биле голем број компании, а државна помош добиле 128.

Миовски фудбалер на годината на Абердин

Репрезенативецот на ѐмакедонија, центарфорот Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

Фудбалскиот клуб Абердин го прогласи македонскиот напаѓач Бојан Миовски за најдобар играч во тимот за сезоната 2023/2024.

Ова и не е толку големо изненадување ако се знае дека штипјанецот се најде и во идеалниот тим на сезоната во шкотската Премиер лига. Покрај тоа, Бојан е прв стрелец на Абердин, незаменлив е во првиот состав и главен адут на тимот.

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“

Грција нема шанси да испрати во Украина ниту С-300 ниту „Патриот“, тие се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис .

Грција нема шанси да испрати во Украина ниту С-300 ниту „Патриот“, тие се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Скај“, демантирајќи ги написите во медиумите дека Атина ќе му помогне на Киев со противвоздушни ракетни системи, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис откри дека било побарано од Грција, но објасниле зошто не можат да го сторат тоа.

Грција ја поддржа Украина на различни начини со одбранбен материјал. Но, од првиот момент рековме дека не можеме да ги отстапиме оружените системи кои се клучни за нашата способност за одвраќање. Имавме вишок материјал со кој можеме да ја поддржиме Украина и го направивме тоа и сметам дека тоа е правилно. До степен до кој можеме да најдеме таков материјал, ќе продолжиме да го правиме тоа. Сепак, системите за противвоздушна одбрана се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор и нема да и бидат доделени на Украина, објасни Мицотакис.

За односите со Турција и во пресрет на средбата со турскиот претседател во Анкара на 13 мај, грчкиот премиер рече дека целта на посетата е да се направи „чекор напред во грчко-турскиот пристап, кој даде некои важни мерливи резултати“.

Како пример спомена дека над 12 месеци нема прекрушувања на грчкиот воздушен простор, но и дека постои екстремно намалување на мигрантските бранови.

Истакна дека иако постојат различни ставови за одредени прашања, „тоа не значи дека нема да разговараме, дека нема да го препознаеме подобрувањето на односите и дека нема секогаш да се трудиме да ги градиме позитивните работи, наместо да се фокусираме само на негативните и нашите несогласувања“.

Во однос на европските избори на 9 јуни, рече дека другите партии „сакаат да ги сведат на референдум против Владата“, истакна дека го прифаќаат овој предизвик и политичката порака од евроизборите треба да биде „стабилност, сигурност и континуитет“.

Дополнително посочи дека не станува збор за национални избори на кои се одбира влада и мерката за споредба, според него, треба да бидат претходните европски избори.

Нова демократија на евроизборите во 2019 година освои 33,12 отсто од гласовите, додека пак на ланските парламентарни избори победи со 40, 56 проценти.

Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

На состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ вчера во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објавија украинските медиуми.

– Во последните месеци членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија, рече Столтенберг.

Месечното одложување на американската помош доведе до влошување на ситуацијата на украинскиот фронт, а градовите низ земјата се изложени на руски беспилотни летала и ракетни напади поради недостаток на воздушна одбрана, пишуваат украинските медиуми.

Американскиот Конгрес оваа недела усвои закон со кој се одобрува пакет помош за Украина, а европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Данска и Холандија, исто така неодамна ветија дека ќе испратат воена помош за Украина.

притисни ентер