Оперскиот пејач Нацоски за малку ја избегнал катастрофата на надвозникот во Џенова

Ужас на надвозникот во Џенова . Десетици загинати и повредени во падот од надвозникот 200 метри . Македонскиот операки пејач Благоја Нецоски за малку ја избегнал катастрофата.

„О, мили боже! О, мили боже! О, мили боже! О, мили боже! Лошо се чувствувам!“, извикува очевидец, гледајќи како паѓа мостот во Џенова.

Лелекот безпомошен за жртвите во Џенова. Десетина луѓе загинати откако во пред влезот на на Џенова во Италија, се урна надвозникот кој е дел од главниот автопат. Постојано расте бројката на жртви, меѓу нив има и деца, пренесуваат италијанските медиуми. Дестина луѓе се на болничко лекување и се во критична состојба.

Таму е познатиот опрески пејач Благој Нацоски, кој за Канал 5 раскажа дека речиси за влакно избегал тежок инцидент.

„Јас уште сум во шок, бидејќи по неколку часа по слоучката требаше да поминам токму по тој мост по кој досега имам поминато илјадници пати и не можам просто да верувам на тоа што го видов и што гледам. Тоа е мост што ја поврзува Џенова, пред сè со Миално, со Торино со Франција... во овој период од годината што поминуваат многу туристи, италијански како и странски е навистина со огромен сообраќај.

Од мостот се урнале околу 200 метри, на висина од 100 метри паднале десетона возила, автомобили, камиони... Голем дел од мостот паднал брз железничката пруга Италијанските власти изјавија да дека се работи за „огромна трагедија“. На видео снимките се гледа се урива еден од столбовите што го држат мостот. Несреќата е во ек на невреме. Мостот е изграден во шеесетите години и е познат како мостот Моранди. Првичните инфомации говорат дека до уривањето дошло поради недоволната стабилност на конструкцијата на надвозникот.

Грција воведува шестдневна работна недела

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела.

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува inNewspaper.

Според законот, работниот ден дополнително работно време не може да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја следат работодавачите на фирми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле пет дена во неделата. Има и други исклучоци.

Во однос на ограничувањата, вработен во шестиот работен ден не смее да работи повеќе од 8 часа и не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.

Американците се згрозени од снимката на наставник како претепува ученик,додека другите гледаат

Наставник (27) претепал ученик кој наводно го навредувал на расистичка основа, а инцидентот се случил пред очите на другите ученици во училиштето Валеи во Лас Вегас.

Во вознемирувачкото видео е снимено како наставникот му удира шлаканици на ученикот, па го фрла на земја и го клоца пред насобраните средношколци.

Според првичните информации, ученикот го нарекол наставникот „црнец“, што резултирало тој да се налути и да се соочи со младиот човек.

Откако видеата беа објавени во јавноста, полицијата ги уапси наставникот и ученикот, а локалните власти известија дека на 27-годишниот маж отсега ќе му биде забрането да предава во областа.

По нападот ученикот бил примен во болница каде се уште е таму поради повредите со кои се здобил во нападот.

Наставникот, меѓу другото, е обвинет и за нанесување тешка повреда и бил пуштен со кауција од 9.000 долари, а судењето е закажано за подоцна.

Во музејот на Битлси во Ливерпул е изложен познатиот јапонски сервис за чај на Џорџ Харисон

Јапонскиот сервис за чај, купен од англискиот гитарист, пејач и поранешен член на Битлси Џорџ Харисон во 1966 година за време на турнејата на Битлси низ Јапонија, е изложена во музејот на Битлси во Ливерпул.

Сервисот, еден од трите купени од Харисон во Јапонија, му го подарил менаџерот на турнејата Нил Аспинал на неговиот син Роаг Бест, кој сега го води музејот на Битлси.

Како што изјави, на тридневната турнеја, Битлси свиреле за повеќе од 10.000 луѓе по концерт.

„Битлеманијата навистина ја погоди Јапонија. Тие не можеа да ја напуштат хотелската соба“, рече Бест, кој е син на Аспинал и Мона Бест и полубрат на Пит Бест, оригиналниот тапанар на Битлси.

Тој изјавил дека неговиот татко, маскиран, го придружувал Џон Ленон, додека еднаш излегувале од хотел во Токио, еднаш излегол и Пол Макартни со маска, но Ринго Стар и Харисон останале заклучени во собите.

„Тие сакаа да купуваат работи на турнеја, но бидејќи не можеа да излезат, луѓето ги носеа своите производи во нивните соби. Џорџ купи три многу украсени јапонски чајни комплети кои потоа ги испрати назад во Англија. Чуваше еден, татко ми дозволи тој да избира од преостанатите два, а третиот и го дал на мајка си“, рекол Бест, пренесува Би-Би-Си.

Сервисот е префрлен во Ливерпул, во куќата на Мона Бест, сопственик на клубот „Касба“.

Бест изјавил дека на сетот недостасуваат три чаши кои ги скршил кога имал 15 години.

Тој додаде дека се надева дека сервисот за чај ќе биде од особен интерес за фановите на Битлси од Јапонија кои го посетуваат музејот во Ливерпул.

„Фан клубот на Битлси е еден од најголемите по членство и има околу 40.000 фанови. Мислам дека ова ќе им се допадне“, рече Бест.

притисни ентер